Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Една третина од контолираните не издавале фискална сметка – изречени се казни и затворени се пет субјекти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Една третина од контолираните не издавале фискална сметка – изречени се казни и затворени се пет субјекти
ЕКОНОМИЈА

Една третина од контолираните не издавале фискална сметка – изречени се казни и затворени се пет субјекти

Објавено August 1, 2025 16:49
Сподели
Сподели

Во периодот од 21 до 27 јули 2025 година, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 154 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, слаткарници, колонијали, продавници за облека и накит, месарници, цвеќарници, рибници туристички агенции, хотел и други трговски објекти за продажба на мало.
Контролите беа реализирани низ државата во повеќе градови, меѓу кои и туристичките места каде во летниот период има зголемена фреквенција на туристи. Од 154 контролирани субјекти, кај 34%, односно кај 52 од контролираните се утврдени неправилности согласно Законот за регистрирање на готовински промет.
За утврдените неправилности донесени се 52 прекршочни санкции – глоби, кои ќе бидат одмерени согласно големината на субјектот. Кај пет даночни обврзници, поради повторено неиздавање фискални сметки во рок од две години, изречена е мерка за привремена забрана за вршење дејност. Привремено затворање на објекти е изречено за три субјекти во Охрид, еден во Гостивар и еден во Струга.

Анализата на спроведените контроли и утврдените неправилности по градови е следна:

     •Во Скопје извршени се 43 контроли и при истите утврдени се 9 неправилности;
     •Во Струга, Охрид и Ресен извршени се 64 контроли, а утврдени се 10 неправилности во Струга, Охрид – 14, Ресен – 2 ;
    •Во Прилеп извршени се 5  контроли, a утврдени се 3 неправилности;
    •Во Струмица и Дојран извршени се 12 контроли, а утврдени се 2  неправилности во Дојран
    •Во Тетово, Гостивар и Кичево извршени се 15 контроли, а утврдени се 6 неправилности од кој 4  во Тетово, и по една во Гостивар и Кичево;
    •Во Штип, Македонска Каменица и Берово извршени се 15 контроли и утврдени се по 3  неправилности во Македонска Каменица и во Берово;

Апелираме до сите даночни обврзници да постапуваат совесно и согласно законските прописи, со цел да придонесат кон зајакнување на даночната усогласеност и унапредување на даночната дисциплина во државата.
Управата за јавни приходи врз основа на извршените контроли согласно Закон за регистрирање на готовински плаќања, ќе врши вкрстени проверки со цел да ја провери веродостојноста на искажаните приходи кај даночните обврзници.

Издавањето фискални сметки и користењето мобилни фискални апарати не претставуваат само законска обврска – туку и клучен чекор кон правично, транспарентно и одговорно деловно опкружување.
Управата за јавни приходи останува цврсто посветена на доследна примена на законите и обезбедување еднаков третман за сите даночни обврзници. Почитувањето на законските обврски е заедничка одговорност и темел на одржлив, функционален и фер даночен систем.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска-Давкова: Безбедносната состојба е стабилна и под контрола
Следна Статија Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради одбележување на Илинден

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Најавени ригорозни мерки ако има девијантно однесување од трговците

Министерот за економија Бесар Дурмиши денеска најави дека доколку со следните извештаи се покаже девијантно однесување од трговците ќе следат…

July 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ова е првата фармацевтска компанија вредна трилион долари

Фармацевтската компанија „Ели Лили“ достигна пазарна капитализација од 1 трилион долари во петокот, станувајќи првата компанија за здравствена заштита во…

November 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Уште еден месец за исплата на К-15, казните за работодавците до 3.000 евра

Компаниите и јавниот сектор до крајот на месецов имаат обврска да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени.…

December 7, 2024
ЕКОНОМИЈА

Каде ќе се движи градскиот воз? Николоски сподели видео на Фејсбук

„Градскиот воз станува реалност. Отпочна изградбата на првата линија од Зелениково преку Драчево, Лисиче, Кисела Вода до Нова железничка станица.“…

November 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?