Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Елитна проституција со Бразилки во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Елитна проституција со Бразилки во Скопје
ХРОНИКА

Елитна проституција со Бразилки во Скопје

Објавено May 26, 2025 17:54
Сподели
Сподели

По спроведена истражна постапка, денеска предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд поднесе обвинителен акт против четири лица. Обвинетите од кои две лица се странски државјани од Бразил и Сирија со привремен престој во државата се товарат дека сториле кривично дело – Посредување при вршење на проституција и кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело, додека двајца македонски државјани се обвинети за кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело.

Според содржината на диспозитивот на обвинителниот акт, во временски период од декември 2023 до ноември 2024 година првообвинетата – бразилска државјанка со дозвола за привремен престој во РСМ и второобвинетиот – македонски државјанин роден во Сирија, заедно со двајца неидентификувани македонски државјани и двајца португалски државјани со умисла и од користољубие организирале врбување, прифаќање, превезување и сместување на женски лица од Бразил, заради вршење на проституција во РСМ. Жртвите ги прифаќале и ги сместувале во претходно изнајмени станови во комплексот „Џевахир Холдинг“ во Скопје каде истите давале сексуални услуги на клиенти.

Секоја жртва имала креиран еден или повеќе профили на веб сајтот: www.eurogirlsescort.com, каде биле постирани телефонски броеви и листа на цени на сексуални услуги што се движеле од 150 евра за половина час, 200 евра еден час, 300 евра два часа, 450 евра три часа и 800 евра за цела ноќ, како и фотографии со експлицитна содржина. Профилите ги контролирала првообвинетата која контактирала со потенцијални клиенти, го организирала дневниот распоред на клиентите за секоја девојка, го определувала времетраењето на давање на услугите и гарантирала за нивната безбедност. За нејзиниот ангажман добивала 30% од заработувачката на девојките. Парите ги делела со второобвинетиот кој организирал прифаќање, превоз, сместување, безбедност и грижа за секојдневните потреби на девојките.

Со намера да го прикријат вистинскиот извор, локацијата, понатамошниот тек и вистинските сопственици на паричните средства стекнати со вршење на казниво дело „Посредување при вршење на проституција“и казниво дело „Оддавање на проституција„ по чл.19 од Закон за прекршоци против јавниот ред и мир, сите обвинети извршиле кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело. Така, првообвинетата паричните средства во износ од 26.151 евра преку субагентите на Агентот на Глобалниот систем за електронски трансфер на пари Вестерн Унион (WESTERN UNION) за територијата на Р.С. Македонија во периодот од 21.10.2023 година до 31.10.2024 година во вкупно 11 наврати ги уплатила кон четири физички лица во Португалија и три физички лица во Бразил. Второобвинетиот во повеќе наврати вршел готовински исплати на парични средства во износи од 440 евра по основ на закупнина за становите во кои престојувале девојките, како и повеќе готовински исплати на парични средства за различни сопствени животни потреби и потреби на девојките. Третообвинетиот преку субагент на сметка на првообвинетата во Португалија исплатил износ од 1.965 евра, како и износ од 150 евра на физичко лице во Колумбија.

Четвртообвинетиот во повеќе наврати, бил корисник на сексуални услуги на една од девојките, која за дополнителен паричен надоместок кој бил исплаќан на првообвинетата го придружувала при неговите патувања во Рим и Лондон. Стекнувајќи ја довербата на девојката, паричните средства кои таа ги прибавила со извршување на казниво дело „Оддавање на проституција“, четвртообвинетиот иако знаел дека се прибавени со казниво дело ѝ помогнал да ги пушти во оптек и да го прикрие нивното потекло. Така, тој регистрирал кориснички профил на девојката на веб платформа за тргување со електронски пари (крипто валути) со електронски паричник (wallet), преку кој таа можела да врши трансакции. Потоа четвртообвинетиот од неговиот личен профил, во повеќе наврати извршил трансфер на парични средства кон корисничкиот на девојката трансферирајќи вкупно 11 880 долари. Дополнително, девојката му дала готовински парични средства во износ од 10.000 долари, со цел обвинетиот да ги претвори во електронски пари (крипто валути) и да ги стави во нејзиниот електронски паричник (wallet). Девојката во три поединечни трансакции преку користење на опцијата „binance pay“ во рамки на самата платформа,испратила кон четвртообвинетиот крипто валути во износ од вкупно 4,960 долари и една трансакција како повлекување кон депозитна адреса која припаѓа на обвинетиот во вредност од 900 долари, по што обвинетиот паричните средства ѝ ги вратил во готовина.

Имајќи ги предвид околностите што упатуваат на потребата од продолжување на мерката притвор, а со цел обезбедување на нивно присуство, елиминирање на опасноста од попречување на постапката, како и елеминирање на опасноста од евентуално сторување на ново кривично дело, јавниот обвинител со Обвинителниот акт достави и предлог за продолжување на мерката притвор спрема тројца обвинети.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина актерката Соња Каранџулоска
Следна Статија УЈП со информација за обработката на МПИН пресметките, започна постапка на обнова на јавниот клуч

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Вкупно 107 казни за непрописно вградени фолии и користење на т.н. флешери

Вкупно 107 учесници во сообраќајот се казнети минатиот месец во рамки на спроведувањето сообраќајни контроли на територијата на цела држава…

June 5, 2025
ХРОНИКА

Полицијата трага по 35-годишен скопјанец

На 22.10.2024 во 13.00 часот во Полициската станица Чаир, А.А.(64) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син…

October 23, 2024
ХРОНИКА

Палевски повторно побара изземање на обвинителите од случајот за убиството на Вања и Панче

Љупчо Палевски Палчо, обвинет за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на почетокот од денешното судење побара изземање на…

February 14, 2025
ХРОНИКА

IN MEMORIAM: Почина поранешниот јавен обвинител Воислав Гавровски

Почина Воислав Гавровски, поранешен јавен обвинител во републичкото Јавно обвинителство. Гавровски беше роден на 28.06.1951 година во Тетово, а на…

March 4, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?