Саудиска Арабија веќе два дена е во Прага и составена е главно од домашни фудбалери. Исклучок се двајца интернационалци кои играат во Европа, но не се дел од најсилните европски лиги. Мечот го најави Елиф Елмас, кој изјави дека фокусот е да се победат двата меча.
„За нас пријателски натпревари нема, но овој меч ќе ни даде многу затоа што сите ќе видиме до каде сме и какви подготовки пројдовме. Играме со сериозен ривал, гледавме снимки од Саудиска Арабија и затоа ќе имаме максимален фокус на овој меч кој ќе биде добра подготовка и увертира за Лихтенштајн Имав добри подготовки во Лајпциг, така што подготвен сум. Овие два меча ќе ми дадат доста, затоа што по толку време пак ќе одиграм меч кој многу ќе значи за понатаму.
Гледавме снимки од противникот, играаат со доста посед, знаат да ја чуваат топката и ќе мора да бидеме сконцентрирани. Ние секогаш како и претходно излегуваме на терен по победа, знаеме дека имаме квалитет. Секогаш кога играш за Македонија е мотив плус, така што мислам дека овој пријателски меч ќе биде добар за нас“, изјави Елмас.
Натпреварот ќе се игра денес од 17 часот на малиот стадион на Викторија Жишков кој има капацитет од 3.327 места.