Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Е-дневникот не дозволува веќе бришење и поправење на оценки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Е-дневникот не дозволува веќе бришење и поправење на оценки
МАКЕДОНИЈА

Е-дневникот не дозволува веќе бришење и поправење на оценки

Објавено September 5, 2025 16:49
Сподели
Сподели

Бришење и поправење на оценки веќе нема, од страна на наставниците, како и директорите на училиштата да интервенираат во графите на електронскиот дневник. Тоа електронскиот дневник веќе не го дозволува порача денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска, која одговараше на новинарско прашање за реакциите за фукционалноста на е дневникот, како и за забелешките за учебници кои се оштетени.

Е-дневникот е работен како проект на Европската унија и е надграден и осовремен, она што сакам децидно да го кажам е дека Да нема веќе бришење, допишување или препишување на оценки. Нема повеќе препишување на наставни планови и програми. Точно е тоа дека е-дневникот веќе не го дозволува тоа. Нема бришење на оценка двојка, преправање во петка. Тоа ќе може само администраторот во МОН да го направи. Доколку има сериозно објаснување за таквото нешто, дека згрешил наставникот и да интервенира во најкус можен рок, изјави Јаневска.

Таа додаде дека нема повеќе директорите да интервенираат во графите, ниту ќе може еден предметен наставник да ги гледа оценките на другите предметни наставници.

Министерката за образование, Јаневска истакна дека наставниците имаат обука за користење на електронскиот дневник, но доколку се потребни дополнителни ќе бидат организирани. Направени се и видео упатства, како да се користи, со цел полесно да се користи системот.

Што се однесува за поплаките за квалитетот или да недостасуваат страници во учебниците, Јаневска вели дека од прво до трето одделение немаат никакви поплаки. Во четврто одделение навистина има проблем со учебникот по Математика, за што министерството за образование и наука ќе се обиде да го реши, колкушто може да им дозволи законот.

Во петто одделение имаат нов учебник по Историја и општество, во шесто одделение имаат нов учебник по Историја , седмо одделение цела генерација добиваат комплетно нови учебници по сите предмети. Осмо одделение предизвик е учебникот по Историја. Учебникот по Историја одборен од минатите Влади е повлечен 2018-2019 година од МНР поради барањето на мешовитата Комисија бугарско-македонска. Зошто пет години, никој од претходните министри не превзеле нешто, во правец за учебникот за осмо одделение не можам да кажам, ќе мора да ги прашате нив, вели Јаневска.

Таа образложи и зошто годинава за цела генерација не е печатен нов учебник по Историја, причината е што во рок од 12 до 14 дена ќе биде објавен Конкурсот за новите наставни Програми за осмо одделение. Тоа значи наредната генерација ќе има комплетно нова наставна Програма и комплетно нови учебници, вклучувајќи и нов учебник по Историја.

Сметам дека непотребно трошење на буџетски пари е да правевме по старата Програма учебник за осмо одделение, кога ние за две недели ќе имаме нова Програма и нов учебник за осмо одделение. Дополнително, тој учебник, кој наведно се дели по училиштата не е одобрен учебник, вели Јаневска.

Што се однесува за поплаките од страна на родителите и учениците за учебниците во кои недостасуваат страни, Јаневски со одговор дека учебниците согласно Закон се обновуваат на секои пет години. Досега не било пракса, но какошто рече таа сега ќе се спроведува законот. Забележа дека учениците мора да ги чуваат учебниците, да не се кинат страниците, кориците, а наставниците мора да ги научат дека треба да се чуваат учебниците.

Секако учебник може да биде оштетен. Затоа сме предвиделе училишна Комисија, која ќе направи прием на учебник и ќе утврди, дали е тој оштетен. Доколку учебникот е оштетен, како поминуваат годините, така расте цената, која поради оштетувањето родителот треба да ја компензира за ем да ги научиме учениците дека треба да ја почитуваат книгата, ем да ја намалиме шетата, односно износот, кој државата го дава за учебници, рече Јаневска.

Посочи дека секоја година се отвара електронски систем, во кој училиштата можат да пријават оштетени учебници, со доказ дека го имаат спроведено законот, односно со уплатници, со којашто наплатиле 10, 40 или 70% од вредноста на учебникот. А како поминуваат годините сумата за оштетениот на учебникот од првата до петата се намалува за родителите.

Прашана колку пари се потрошени годинава за учебници, министерката Јаневска со одговор дека вкупната сума и за нови и обнова на старите учебници е 11 милиони евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВМРО-ДПМНЕ: СДСM прави стратешки грешки со кои докажува вмешаност во следењето на Мицкоски
Следна Статија Масовен протест вечерва во Нови Сад под слоганот „Србија, се слушаме ли?“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Трае штрајкот со глад во струшкиот затвор

Втор ден штрајк со глад на дел од затворениците во затворот во Струга. 13 затвореници започнаа со штрајк поради тоа…

May 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани е во исклучително важна фаза, нема никаква селективност досега, нема да има ни понатаму

Јавните обвинители кои работат на истрагата за пожарот во Кочани, во моментов сослушуваат сведоци и оштетени лица кои знаат нешто…

May 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Еве како изгледа пожарот во Трубарево

Пожар избувна во компанијата за преработка на отпад „Нула отпад“ во скопско Турбарево, а во негово гасење се вклучени неколку…

September 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучува за кандидати за градоначалници на претстојните локални избори

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска напладне треба да одржи состанок на кој се очекува да биде одлучено и за кандидатот…

July 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?