44-годишна жена е тешко повредена во силна екплозија на гас што се случила денеска во охриското село Велгошти.

Како што соопштија од противпожарната служба Охрид, брзата реакција на пожарникарите спречила ширење на огнот.

„Во текот на денешниот ден ТППЕ Охрид, интервенираше на санирање на последиците од разорна експлозија во куќа во Охрид, с.Велгошти. Експлозијата е предизвикана од зголемена концентрација на гасови (плин) и останати фактори, кои придoнеле за високо ниво на експлозивност. Благодарение на брзата реакција на пожарникарите, спречено е и опожарување на објектот. Повредена е една жена, која е преземена од екипите на Брзата помош“, соопшти ТППЕ Охрид.
