Во ова време на војни и хаос во светот, исклучително сум среќен што успеавме да го постигнеме Договорот во Преспа, да изградиме долготрајно пријателство помеѓу нашите соседски земји – Северна Македонија и Грција, му пишал поранешниот премиер Зоран Заев на поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, по повод седумгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор.
„Исто така и да оставиме позитивен пример на Балканот, Европа и светот дека може да се постигне договор преку дипломатски канали, дури и за најтешките прашања помеѓу земјите. Честитки за седумгодишнината од нашиот Преспански договор“ – пишува Заев во честитката.