Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Заедничка молитва на кралот Чарлс и папата Лав во Ватикан, првпат по 500 години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Заедничка молитва на кралот Чарлс и папата Лав во Ватикан, првпат по 500 години
СВЕТ

Заедничка молитва на кралот Чарлс и папата Лав во Ватикан, првпат по 500 години

Објавено October 23, 2025 18:16
Сподели
Сподели

Британскиот крал Чарлс и папата Лав денеска оддржаа заедничка молитва во Систинската капела во Ватикан, во првата заедничка служба на англиски монарх и католички поглавар откако кралот Хенри VIII се прогласи за поглавар на Англиканската црква, одвојувајќи се од папската власт на Римокатоличката црква во 1534 година.

Латински песни и англиски молитви одекнуваа низ капелата, каде што пред шест месеци Лав беше избран за прв американски папа од страна на католичките кардинали во светот, објавува Гардијан.

Чарлс, врховен поглавар на Англиканската црква, седеше лево од папата во близина на олтарот на капелата, додека папата Лав и англиканскиот надбискуп Стивен Котрел ја водеа службата, на која настапи хорот на Систинската капела и два кралски хора.

Иако Чарлс се сретна со последните три папи, од кои Јован Павле II и Бенедикт XVI ја посетија Велија Британија, нивните претходни состаноци никогаш не вклучуваа заеднички молитви.

Кралот Чарлс и кралицата Камила, кои го посетија Ватикан претходно оваа година за да го видат папата Франциск, утрово имаа и приватна аудиенција со папата Лав XIV.

Попладнето, британскиот крал ќе отпатува во римската базилика „Свети Павле“ која е надвор од ѕидините, една од четирите најпочитувани цркви во католицизмот, каде што ќе му биде доделена титулата „кралски конфрат“ или член на братството.

Кралот се сретна и со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орбан: Нема да гинеме за Украина
Следна Статија (Видео) Шкендија со авто-гол го победи Шелбурн

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(ВИДЕО) Авион со 235 патници се запали додека леташе над Тихиот Океан

Авион на „Делта ерлајнс“ беше принуден да се врати на аеродромот во Лос Анџелес откако еден од неговите мотори се…

July 20, 2025
СВЕТ

Илон Маск: Ако Трамп изгуби, јас сум нае*ал (ВИДЕО)

Милијардерот Илон Маск верува дека по ноемвриските претседателски избори во Америка ќе заврши во затвор доколку демократската кандидатка и потпретседател…

October 8, 2024
СВЕТ

Клучните луѓе на Трамп добиле закани за бомби

Неколку кандидати за кабинетот на Доналд Трамп и луѓе во неговата администрација добиле закани за бомби, објави ФБИ. „Сите потенцијални…

November 27, 2024
СВЕТ

Поранешниот водител на „Фокс њуз“ Пит Хегсет избран за министер за одбрана на САД

Пит Хегсет со тесно мнозинство е избран за министер за одбрана на САД. Педесет сенатори гласаа „за“, но ист толкав…

January 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?