Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Законот за заштита од пушење не се одложува – следната недела ќе биде доставен до Влада
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Законот за заштита од пушење не се одложува – следната недела ќе биде доставен до Влада
ЗДРАВЈЕ

Законот за заштита од пушење не се одложува – следната недела ќе биде доставен до Влада

Објавено February 16, 2026 18:12
Сподели
Сподели

Министерството за здравство останува целосно посветено на донесување и имплементација на Законот за заштита од пушење, согласно законските рокови.

-Во моментот се финализира анализата на пристигнатите коментари од јавната расправа на ЕНЕР, како и ставовите доставени од засегнатите страни, институциите и бизнис заедницата, по што следната недела финалната верзија ќе биде доставена до Владата. Потенцираме дека овие усогласувања не ја менуваат суштината на законот. Целите остануваат јасни и непроменети: спречување на започнување со пушење кај младите и создавање генерации без никотинска зависност, заштита на работниците и граѓаните од пасивно пушење во затворени јавни и работни простории.

Во однос на наводите за „фазна имплементација“, појаснуваме дека тоа не значи одложување на неговата имплементација по усвојувањето во Собранието. Законот ќе стапи на сила по неговото донесување согласно законските рокови. Фазноста се однесува на начинот на примена во почетниот период, при што првата фаза ќе биде со засилен надзор, информирање и опомени. Целта е институциите, угостителите, и граѓаните да се адаптираат, да добијат јасни упатства и поддршка, а културата на почитување на правилата да се изгради одржливо на долг рок, велат од Министерството за здравство.

Министерството останува отворено за комуникација и навремено информирање на јавноста за секој следен чекор од процесот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Рубио: Трамп го поддржува Виктор Орбан пред изборите во Унгарија, најавува „златна ера“ во односите
Следна Статија Ивановски: Пробиен последниот тунел за изградба на пругата Бељаковце-Крива Паланка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Повлечени повеќе од 2.8 илјади фунти мелено говедско месо поради загриженост за E. коли

Повлеченото месо беше продадено во продавници низ шест држави.

December 31, 2025
ЗДРАВЈЕ

Системот „Мој термин“ повторно е во функција

Утринава во функција е електронскиот систем за закажување прегледи „Мој термин“, кој вчера не работеше. Системот е во функција од…

September 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

Загадениот воздух зема над 4.000 животи годишно

Ова е констатацијата на Институтот за јавно здравје од каде посочуваат дека Македонија губи 4.175 животи кои можат да се…

February 26, 2025
ЗДРАВЈЕ

Светскиот ден на ментално здравје: Младите се поосвестени и знаат да препознаат кога не им е добрo

Подигнување на свеста за менталното здравје, односно да се доближиме до народот. Тоа е причината зошто сме на отворено, а…

October 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?