Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Затворени гласачки места во Унгарија, урнати се рекорди за излезност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Затворени гласачки места во Унгарија, урнати се рекорди за излезност
СВЕТ

Затворени гласачки места во Унгарија, урнати се рекорди за излезност

Објавено April 12, 2026 19:54
Сподели
Сподели

Во Унгарија во 19 часот се затворија гласачките места каде можеше да се гласа на паралментарните избори. Претседателот на државата, Тамаш Шуљок, ќе даде изјава за медиумите во зградата на Националната изборна канцеларија. Организаторите најавија дека нема да има прашања.

По 19:00 часот ќе започне броењето на гласовите пристигнати по пошта, а потоа се очекува прес-конференција на раководителот на Националната изборна канцеларија и Изборната комисија, веројатно околу 20:00 часот.

Првите резултати од изборите во Унгарија се очекуваат вечерва од 20:00 часот, кога Националната изборна канцеларија ќе почне да ги објавува на официјалната веб-страница, со ажурирања на секои десет минути. Податоците ќе пристигнуваат по одреден редослед, прво ќе се обработуваат гласовите за поединечните кандидати, потоа за националните партиски листи, а на крај и за листите на националните малцинства.

До 17 часот беше соборен апсолутниот рекорд на излезност, 74,23 проценти од гласачите, или 5.587.935 луѓе, излегоа на гласање. Тоа веќе го надмина претходниот рекорд од 2002 година, кога вкупната излезност беше 73,5 проценти.

За споредба, на изборите во 2022 година, излезноста во 17 часот беше 62,9 проценти.

Унгарските медиуми забележуваат дека во 2002 година, последните податоци во текот на денот биле објавени во 17:30 часот, па затоа нема директно споредливи податоци за 17 часот, но тогашниот рекорд во вториот круг бил 67,87 проценти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсен гевгеличанец, превезувал шест мигранти од Египет
Следна Статија Обид за опожарување на објектот на заедницата и синагогата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Кина воведува реципрочни царини за јаглен и течен природен гас од САД

Кина ќе воведе царини од 15 отсто на увозот на течен природен гас (LNG) и јаглен од САД како одговор…

February 4, 2025
СВЕТ

Се има се троши: САД потрошиле околу 5,82 милијарди долари во првите 100 часа војна против Иран

Првите 100 часа од операцијата „Епски бес“ ги чинеа американските даночни обврзници најмалку 5,82 милијарди долари, што е околу 0,69%…

March 9, 2026
СВЕТ

Голем скандал: хакиран кандидатот на Трамп за шеф на ФБИ

Каш Пател, изборот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп да го води ФБИ, неодамна бил известен од бирото дека е цел…

December 4, 2024
СВЕТ

Русија најави одмазда против Украина поради употребата на американски ракети АТАКМС

Русија денеска најави дека ќе и возврати на Украина по нејзиното истрелување американски ракети АТАКМС претходниот ден, напад кој за…

January 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?