Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Захарова: „Дали има само еден претседател Вучиќ, изјавите како да ги даваат сосема различни луѓе“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Захарова: „Дали има само еден претседател Вучиќ, изјавите како да ги даваат сосема различни луѓе“
СВЕТ

Захарова: „Дали има само еден претседател Вучиќ, изјавите како да ги даваат сосема различни луѓе“

Објавено November 7, 2025 14:12
Сподели
Сподели

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Москва постојано добивала гаранции од српското раководство дека извозот на муниција е под строга контрола и дека оружје од српско производство нема да биде испорачано во Украина.

„Москва постојано добива гаранции од српското раководство дека извозот на муниција од српско производство е под строга контрола и дека нема да биде испорачана во Украина, со цел да се спречи Киев да ја употреби против нашите војници“, рече Захарова на редовниот брифинг, коментирајќи ги изјавите на претседателот Александар Вучиќ во интервју за германско списание за подготвеноста на Србија да продава муниција на Европската Унија.

Зборувајќи за контрадикторните јавни изјави на српскиот претседател, Захарова додаде:

„Знаете, кога ги читам сите овие интервјуа на српскиот претседател, се прашувам – дали навистина има само еден претседател Вучиќ таму, бидејќи се добива впечаток дека овие интервјуа ги даваат сосема различни луѓе. Некои изјави ги слушаме кога е во Москва, а сосема различни кога зборува од други географски точки. Зборувам само за она што е во јавната сфера. Можеби медиумите погрешно известија за нешто, но во тој случај треба да има објаснување од прес-службата на претседателот“, истакна Захарова, пренесоа руските државни агенции.

Таа потсети дека руската страна постојано слушала уверувања од Белград на највисоко ниво за почитување на неутралноста и контрола на извозот на оружје:

„Да бидам искрена, неколку пати, и на највисоко ниво, добивме изјави од српското раководство дека извозот на српска муниција е строго контролиран и дека оваа стока нема да заврши во Украина, со цел да се спречи да се користи против нашите војници“, нагласи портпаролката на руското Министерство за надворешни работи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија До понеделник променливо облачно со дожд, од вторник стабилизирање на времето
Следна Статија (ВИДЕО) Маск заигра танц со својот робот откако му беше одобрена „платата на векот“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Атентат во Австрија: ловец со пушка го уби градоначалникот

Градоначалникот на Кирхберг Франц Хофер е убиен во денешниот напад во Австрија, поради што полицијата започнала голема операција. Како што…

October 28, 2024
СВЕТ

Спасени 6 скијачи, 9 сè уште недостасуваат по лавината близу Езерото Тахое

Спасувачите стигнаа до шест преживеани по лавината близу Езерото Тахое, но девет скијачи сè уште се водат како исчезнати во…

February 19, 2026
СВЕТ

Како Хелсинки го реши сообраќајниот хаос: Цела година немало сообраќајна несреќа со смртни последици

Во Хелсинки минатата година немало ниту еден смртен случај поврзан со сообраќајот, соопштија градските власти. Надлежните оценија дека достигнувањето се…

August 3, 2025
СВЕТ

Австралија: Ќе ги забраниме социјалните мрежи за помлади од 16 години

Австралискиот премиер Ентони Албанес изјави дека неговата влада ќе донесе законска забрана за социјалните мрежи за деца под 16 години,…

November 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?