Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зајкова: Пратениците од мнозинството избраа соучесништво во насилството наместо превенција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Зајкова: Пратениците од мнозинството избраа соучесништво во насилството наместо превенција
ПОЛИТИКА

Зајкова: Пратениците од мнозинството избраа соучесништво во насилството наместо превенција

Објавено March 18, 2026 14:36
Сподели
Сподели

Денеска, уште еднаш, собраниското мнозинство покажа дека нема ни волја, ни храброст, ни совест кога станува збор за заштита на жените. И оваа година како лани, не поминаа измените на Законот за заштита од семејно насилство и насилство врз жените, предложени од Либерално-демократската партија (ЛДП), со кои покрај забраната за движење, сторителот на насилство ќе биде обврзан да носи електронска нараквица за следење и предупредување на жртвата.

„Без збор. Без аргумент. Без срам. Повторно го одбија предлогот за воведување електронски нараквици за следење на насилниците – мерка што значи превенција, што значи спасени животи, што значи реална заштита“, изјави од собраниската говорница претседателката на ЛДП, Моника Зајкова и вели дека ова не е само политичка одлука, туку директна одговорност.

„Кога имате можност да спречите насилство, а свесно одбирате да не го направите тоа, станувате соучесници. Соучесници во секој следен напад. Соучесници во секоја следна жртва. Соучесници во секоја жена што живее во страв. Овој предлог не е нов. Беше поднесен уште минатата година. И тогаш истото сценарио. Молк, игнорирање, одбивање. А резултатот? Црни биланси. Жени жртви. Скршени животи. И за жал, изгубени животи. И после сето тоа, повторно истата ладнокрвност. Повеќе не прифаќаме лицемерие“, посочува Зајкова.

Претседателката на ЛДП додава дека повеќе не прифаќа празни говори за „грижа за жените“, статистики за политички маркетинг и лажна загриженост.

„Жените не се бројки. Жените не се проценти. Жените не се тема за ПР. Жените се животи. И тие животи денес беа игнорирани. Ова не е само политичка борба, ова е морална линија. И денес, мнозинството јасно избра на која страна стои: На страната на молкот. На страната на неакцијата. И, за жал, на страната на насилството“, завршува во својата изјава пред пратениците Зајкова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски потсети: Шекеринска сакаше со судска одлука да ја затвори ВМРО-ДПМНЕ и да ја прогласи за терористичка организација!
Следна Статија Се јави Шекеринска: Го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски до Ахмети: Помири се, опозиција си

Помири се, опозиција си, реформирај ја партијата и исчисти ги криминалците од своите редови, му порача денеска од Охрид премиерот…

October 6, 2024
ПОЛИТИКА

Орце Ѓорѓиевски од „Ѓорче Петров“ најави капитални инфраструктурни проекти за подобрување на сообраќајот и квалитетот на живот

Кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски денеска во Ѓорче Петров најави инфраструктурни интервенции кои ќе започнат веднаш…

October 5, 2025
ПОЛИТИКА

ЛДП: Забрана на Тик-Ток за малолетници по примерот на Албанија и регулирање на работата на другите социјални мрежи

По последните случувања во Република Албанија, убиството на 14-годишното момче и следствено на тоа, воведената рестрикција на Тик Ток, Либерално-демократската…

December 23, 2024
ПОЛИТИКА

Јаулески: Кланот Муртино-Зајас, направи груба партизација на институциите и безбедносните структури

На денешната седница на пратенички прашања во Собранието, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески упати три прашања до премиерот…

December 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?