Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За владиниот Лирџет веќе нема резервни делови, тврди Томовски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > За владиниот Лирџет веќе нема резервни делови, тврди Томовски
МАКЕДОНИЈА

За владиниот Лирџет веќе нема резервни делови, тврди Томовски

Објавено May 8, 2025 22:43
Сподели
Сподели

Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветно летало, односно соодветен владин авион и не треба да се симнуваме на ниво соседните држави да не собираат со нивните авиони кога треба некаде да одиме со заеднички делегации, смета директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски.

-Лирџетот со кој сега располагаме не ги исполнува потребите на државата и има многу трошоци за негово сервисирање, бидејќи веќе не се произведуваат резервни делови. Затоа користиме репарирани делови и од 2017 година до денеска по основ на сервиси се потрошени околу четири милиони евра што не би бил случај за нов авион. Кога би оделе на некои подолги патувања би ни требал поголем авион со најмалку 14 седишта за разлика од овој што има шест. Со еден збор Лирџетот е премал, рече Томовски во интервју за ТВ Канал 5. 

Нагласи дека поранешната влада сакала да набави нов авион и биле во напредна фаза на преговарање со различни компании кои произведуваат авиони, но тоа го криеле од јавноста.

-Ние се одлучивме да искомуницираме со јавноста и сметам дека јавноста треба да биде запознаена што планираме. На крајот на краиштата авионот не останува за директорот или за премиерот, туку останува за државата. Ќе гледаме да предвидиме средства за набавка на авион со новиот буџет бидејќи овој не го дозволува тоа. Би сакале да допреговараме со јавноста, да собереме и понуди за лизинг на авион, да купиме нов или половен. Сите опции ќе ги извадиме на маса за да видиме што е најдобро и најекономично, посочи Томовски и додаде дека набавката на нов владин авион би чинела од 20 до 50 милиони евра. 

Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветно летало, односно соодветен владин авион и не треба да се симнуваме на ниво соседните држави да не собираат со нивните авиони кога

Во државна сопственост, како што кажа, има околу 7.000 возила во кои влегуваат возилата на владата и министерствата, општинските возила, возилата на јавните претпријатија,… 

-Веќе избравме боја – црвено со жолто на табличките за означување на државните возила, изработивме правилник, но процесот е закочен бидејќи е потребен тендер за набавка на боја за нивна изработка. Тендерот е во завршна фаза, а откако ќе се надмине проблемот и ќе почне изработката во рок од 30 дена сите државни институции ќе треба да ги заменат таблиците, рече Томовски.

Тоа, како што кажа, ќе биде за многу скоро време. 

Томовски, кој е и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, порача дека до крајот на мај министерот за здравство Арбен Таравари треба да одлучи дали ќе остане во Владата или ќе излезе. 

-Треба да се договори со ВРЕДИ што ќе прави. Ако одлучи да излезе од Влада ќе има внатрешни превирања во партијата на Таравари. Доколку ја напушти Владата ќе му падне рејтингот, а ќе порасне на другите тројца лидери на ВРЕДИ, рече Томовски и нагласи дека во никој случај нема да му дадат поддршка на локалните избори ако излезе од Владата.

Прашан дали ќе има предвремени парламентарни избори заедно со локалните, рече дека времето ќе го покаже тоа.

-Дали ќе има предвремени парламентарни избори или не ќе оставиме на времето да покаже. Локалните избори ќе бидат показател дали треба да има предвремени избори или не, но сепак ќе оставиме да видиме што ќе се случува со коалицијата, истакна Томовски

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Девизните резерви на крајот на април 4,77 милијарди евра
Следна Статија Пукање во Штип, двајца студенти од Турција се пресметале во кафуле

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Попов: Имаме стратегија и проекти кои нудат просперитет на младите во државата

Почитувани министри, пратеници, градоначалници, добредојдеовте на оваа 33-та годишна конференција на најмоќниот политички подмладок во Македонија, УМС на ВМРО-ДПМНЕ, рече…

October 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мајката на Вања продала стан па си купила возило и „затворила“ кредити

Во врска со продажбата на еден од становите, Зорица Ѓорчевска на денешното сведочење рече дека го продала за 83 илјади…

October 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Владата одлучи: Седумдневна жалост на територија на Македонија, вонредна инспекција на сите угостителски објекти

Владата ја започна денешната седница со едно минутно молчење со цел да им се оддаде почит на трагично загинатите лица…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Петар Гајдов предлог за директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер

Петар Гајдов, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје е предлог за нов директор на Агенцијата за заштита на…

March 25, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?