Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За време на викендот почнуваат роковите за локалните избори на 19 октомври
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > За време на викендот почнуваат роковите за локалните избори на 19 октомври
ПОЛИТИКА

За време на викендот почнуваат роковите за локалните избори на 19 октомври

Објавено August 7, 2025 08:59
Сподели
Сподели

Последни денови од годишните одмори бројат многумина наши сограѓани кои ќе се вклучат во изборните активности за локалните избори во октомври. Според информациите од Собранието, во петок или во сабота ќе бидат распишани локалните избори што треба да се одржат на 19 октомври (втор круг на 2 ноември).

Ќе се бираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје. Според бројот на учесници, изборната администрација, вклучувајќи ги и вработените во Државната изборна комисија (ДИК), локалните избори се најголеми и најмасовни.

Карактеристично исто така за овие избори е што дијаспората нема да може да гласа, а ако некој од македонските државјани сака да го искористи своето право тоа ќе може да го направи само доколку допатува во земјата.

ДИК, како што брифираат оттаму за МИА, со месеци наназад се подготвува за спроведување на овие осми локални избори во земјата. Веднаш по распишувањето на изборите во петок или во сабота, ДИК ќе одржи јавна седница на која согласно Изборниот законик ќе биде објавен календарот со сите рокови за избирачките дејствија, како и сите права и обврски за избирачките органи, учесниците на изборите и медиумите.

До крајот на месецот ДИК ќе го заврши случајниот избор на членовите на избирачките одбори од редот на администрацијата согласно податоците од Министерството за јавна администрација.

За 3.500 избирачки места треба да бидат избрани 21.000 лица од администрацијата кои ќе бидат во избирачките одбори (ИО), кои во текот на септември ќе поминат комплетна обука за спроведување на изборите и ќе им бидат поделени прирачници.

Дополнително ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и Вреди, како партии односно коалиција со најголем број гласови на минатите избори, во септември, согласно роковникот, треба да номинираат 14.000 членови за избирачките одбори. Составот на избирачките одбори се менува бидејќи на нивните членови им е истечен мандатот.

Општинските изборни комисии (ОИК), пак, чиј мандат трае уште една година, согласно Изборниот законик, имаат важна улога на локалните избори, бидејќи тие ги примаат кандидатските листи и ги потврдуваат, а потоа и одлучуваат по евентуални жалби, како и за приговорите за лично избирачко право.

Еден од поважните рокови и изборни дејствија е увидот во Избирачкиот список (ИС), кој започнува 15 дена по распишувањето на изборите и трае дваесет дена. Ова е период во кој избирачите со право на глас, односно оние со наполнети 18 години, ќе можат да ги проверат своите податоци во ИС и доколку имаат забелешки и барања за корекции да ги допстават до ДИК електронски или до подрачните канцеларии на Комисијата.

Избирачите можат и сега да го сторат тоа, но ажурираниот Избирачки список за локалните избори до ДИК ќе биде доставен набрзо по распишувањето на изборите односно следната недела.

Вкупниот буџет за одржување на локалните избори 2025, кој е веќе објавен, изнесува 9 милиони 760 илјади евра, од кои две третини се пари наменети за медиумите и платеното политичко рекламирање.

Дополнително на овие пари е и сумата за надоместоците на членовите на избирачките одбори и транспортот и дистрибуцијата на членовите на ИО и избирачкиот материјал од ОИК до избирачките места каде што ќе се гласа, бидејќи тие ги обезбедуваат локалните самоуправи. Од ДИК за МИА велат дека се направат напори по сите основи да се рационализира за да се намалат трошоците.

Политичките партии и коалициите, како и други граѓани најавија учество на изборите.

Дел од кандидатите веќе и се познати на јавноста и тие се меѓу граѓаните, се претставуваат на социјалните мрежи, во телевизиски и медиумски емисии. Некои од независните кандидати на минатите избори се обидуваат да регистрираат политички субјекти за да може полесно да се вклучат на изборите.

Од ДИК коментираат дека не може да стане збор за прерано почната кампања на кандидатите бидејќи реално се уште нема кандидати за изборите. Кандидатурите односно листите согласно Изборниот законик се потврдуваат 30 дена пред изборите, а кампањата почнува 20 дена пред тоа.

Во однос на тоа кои политички партии можат да учествуваат на изборите, од ДИК упатуваат на законските одредби, како за субјектите така и за кандидатите. Условот за партиите е да се регистрирани, а потврдата, што треба кај нив да ја достават, да не е биде постара од шест месеци.

За изборот на претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), велат дека мислење треба да даде самата ДКСК и упатуваат на членот 8а од Изборниот законик.

Согласно членот 8а од Изборниот законик, меѓудругото, е превидено исто така дека не може да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи.

Од распишувањето на изборите Министерството за финансии е должно сите буџетски исплати, освен редовните плати, пензии и комунални трошоци, да ги објавува јавно на интернет страница во посебна база за буџетски трошоци во изборен период.

Две недели, пак, по распишување на изборите Министерството поднесува предизборен финансиски извештај во кој ќе биде опфатен преглед на сите планирани и реализирани приходи и расходи од Буџетот по ставки во периодот од почетокот на фискалната година до денот на поднесувањето на извештајот кој се објавува на нивната веб страница.

Според Изборниот законик, локалните избори се одржуваат на секои четири години во втората половина на октомври.

Локалната самоуправа е организирана во 80 општини и Градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа. Во состав на Градот Скопје функционираат 10 општини, кои имаат поделени надлежности со Градот. Изборите ги распишува претседателот на Собранието со донесување акт што се објавува во Службен весник.

Изборите се одржуваат најрано 70, а најдоцна 90 дена од денот на распишување на изборите.

Локални избори во Македонија се одржале во 1996, 2000, 2005, 2009, 2013, 2017 и 2021 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Револуција на пазарот на трудот во Словенија: Шестчасовна смена и слободен петок за работниците
Следна Статија Столе Димитриевски може да се пресели во Елче

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Дали судијката Алексовска Стојановска ја финансирала СДС или тие ја поткупувале неа со кирија додека биле на власт, праша Лефков

Дали судијката Алексовска Стојановска ја финансирала СДС или тие ја поткупувале неа со кирија додека биле на власт? И Венко…

February 4, 2025
ПОЛИТИКА

Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ како најбрзорастечка партија во Македонија

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска одржа прес-конференција. Од моментот на влез во политиката до…

May 8, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Да го е**м Кичево-вели Фатмир Дехари

За Кичево се сите, само не тој!Ако не му дадат пари на Фатмир, многу малку му е гајле за Кичево,…

October 27, 2025
ПОЛИТИКА

Таравари: Со пакет мерки да ги решиме грбот, химната и другите заостанати прашања

Подготвени сме да разговараме за се, за пакет мерки со кои ќе ги решиме сите заостанати прашања од минатото, рече…

February 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?