Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За непостоечка операција: Лажен лекар од Штип измамил жена за 700.000 денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > За непостоечка операција: Лажен лекар од Штип измамил жена за 700.000 денари
ХРОНИКА

За непостоечка операција: Лажен лекар од Штип измамил жена за 700.000 денари

Објавено January 8, 2026 15:04
Сподели
Сподели

Лице кое лажно се претставило како лекар измамило 77-годишна жителка на Штип за сума од 700.000 денари, соопштија од СВР Штип.

Како што е пријавено, на 7 јануари 2026 година околу 16:30 часот, жената пријавила дека претходно во текот на денот добила телефонски повик од непознато лице кое ѝ се претставило како лекар. Лицето ја информирало дека нејзината сестра се наоѓа во болница поради скршеница на ногата и дека е неопходна итна операција со вградување метални шипки.

Според пријавата, измамникот побарал пари за наводната интервенција, по што жената, во неколку наврати, ги однела договорените средства на посочено место, предавајќи вкупно 700.000 денари.

Подоцна, во нејзиниот дом дошла нејзината внука, по што заедно стапиле во контакт со сестрата и тогаш било утврдено дека таа воопшто не била хоспитализирана, при што оштетената сфатила дека била жртва на измама.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Еве на каква финта од МВР „падна“ млада измамничка од Скопје
Следна Статија „Косова прес“: Груби се наоѓа во Приштина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

(ФОТО) Спречени обиди за криумчарење на пиротехнички материјали, лекови и фалсификати

Мобилен тим спречи обиди за криумчарење и заплени 2.108 парчиња пиротехнички материјали што требало нелегално да се продаваат на македонскиот…

January 8, 2025
ХРОНИКА

Да, судија виновен сум: Васил Јованов призна вина за усмртувањето на Фросина

Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката од јануари…

May 9, 2025
ХРОНИКА

Тинејџер со нож ранил прилепчанец поради сообраќајка, па сакал да ја напушти државата – приведен е на граница

На 03.10.2025 во 09:25 часот на Граничниот премин Табановце, од страна на полициски службеници е лишен од слобода М.М.(19) од…

October 4, 2025
ХРОНИКА

Запленети девизи, злато, цигари, домашна ракија….

Царински службеници и мобилни царински тимови открија неколку обиди за шверц разна стока и неколку обиди за криумчарење на поголеми…

January 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?