Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За Скопје поднесени 18 листи на кандидати за градоначалник и 20 листи за советници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > За Скопје поднесени 18 листи на кандидати за градоначалник и 20 листи за советници
ПОЛИТИКА

За Скопје поднесени 18 листи на кандидати за градоначалник и 20 листи за советници

Објавено September 14, 2025 20:23
Сподели
Сподели

По завршување на рокот за поднесување на кандидатски листи за градоначалници и совети на општините и на Градот Скопје, во 80 општини и Градот Скопје, до општинските изборни комисии се поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи на кандидати за советници на општините и Градот Скопје, информираат од Државната изборна комисија (ДИК). Во оваа бројка се вклучени листите на кандидати од политички партии и листите поднесени од група избирачи.

Најголем број на листи на кандидати за градоначалници и совети е поднесено за Градот Скопје односно вкупно 18 листи на кандидати за градоначалник на Град Скопје и 20 листи на кандидати за членови на Советот на Град Скопје.

-Согласно Роковникот за локалните избори 2025 година, ОИК доставува барање до институциите кои ги поседуваат податоците за исполнетост на условите веднаш по приемот на листата односно најдоцна на 14 септември. Откако ќе заврши проверката за исполнетост на условите и ќе заврши процесот на отстранување на евентуални неправилности или пропусти во кандидатските листи, општинските изборни комисии ги доставуваат потврдените листи до Државната изборна комисија за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати, веднаш по потврдувањето на листата односно најдцна на 20 септември 2025 година, појаснуваат од ДИК.

По завршување на процесот на проверка на документацијата и исполнетоста на законските услови и потврдување од страна на ОИК, ДИК ќе ги објави сите потврдени листи по општини кои ќе учествуваат на изборите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сијарто: Унгарците јасно ставија до знаење дека не сакаат да имаат никаква врска со нелегалната миграција
Следна Статија Бонга и Шредер ја искачија Германија на врвот на Европа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Бендевска: За ЗНАМ е неприфатливо да седи во иста Влада со субјект кој се договара со ДУИ

За нас е неприфатливо да седиме во иста влада со субјект кој се договара со нереформирано ДУИ. Движењето ЗНАМ и…

May 12, 2025
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Апелираме граѓаните да не потпаѓаат на црните сценарија за етнички конфликти

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува брзата реакција на институциите во пронаоѓање и изведување пред правдата на групата насилници кои го сквернавеа Македонското…

November 30, 2024
ПОЛИТИКА

Заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ- Стоилев разрешен од партиската функција

Вчера заседаваше Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ каде беа донесени повеќе одлуки во најголем дел активно поврзани со тековните подготовки за…

November 15, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче по средбата со Мицкоски: Ќе формираме работни групи за реформската агенда во правосудството, енергетиката и здравството

Претседателот на СДСМ Венко Филипче го оцени состанокот со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како добар и конструктивен,…

April 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?