Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За трагедиите во Модуларната болница, Ласкарци и Беса транс има нула кривични пријави, вели Тошковски, за Кочани досега две со 34 опфатени лица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > За трагедиите во Модуларната болница, Ласкарци и Беса транс има нула кривични пријави, вели Тошковски, за Кочани досега две со 34 опфатени лица
МАКЕДОНИЈА

За трагедиите во Модуларната болница, Ласкарци и Беса транс има нула кривични пријави, вели Тошковски, за Кочани досега две со 34 опфатени лица

Објавено April 3, 2025 14:34
Сподели
Сподели

За трагедиите во Модуларната болница во Тетово и автобуските несреќи Ласкарци и на Беса Транс во Бугарија МВР не поднело ниту една кривична пријава, додека за пожарот во Кочани се поднесени две кривични пријави за 34 лица од кои 31 лице се во притвор – членови на СДСМ, на ВМРО ДПМНЕ, на ДУИ и ниеден од нив не е во оваа постапка заради тоа што е член или не е член на одредена партија. За овие лица се обезбедени докази за основи на сомнение, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на седницата за опозициски прашања.

Тошковски, кој одговараше на прашања поврзани со пожарот во Кочани, рече дека истрагата е во тек, и оти допрва ќе се знае колку лица ќе бидат опфатени од процесните дејствија од обвинителството и МВР.

Пратениците Миле Талевски од СДСМ и Блерим Беџети од ДУИ поставија неколку прашања поврзани со истрагата за пожарот во Кочани обвинувајќи за селективност, меѓу другото и одговорните во ОВР Кочани и СВР Штип кои вечерта биле на работа не се опфатени со истрагата. Тие исто така го повикаа Тошковски да поднесе оставка од морални причини.

Во одговорот до Талевски од СДСМ, Тошковски кажа дека му било срам да го слуша бидејќи бесрамно ја манипулира македонската јавност со факти кои се лага, со закони кои не постојат и членови кои се однесуваат на друга фактичка состојба се со цел на гневот и на бесот на македонските граѓаните политички да профитираат.

-Јас ќе говорам врз основа на факти врз основа на истрагата без да манипулирам никого особено не македонската јавноста. Факт број еден – знаете колку кривични пријави поднесе МВР и против колку луѓе за трагичната несреќа во Тетово за Модуларната болница – 0, знаете против колку луѓе поднесоа кривични пријави – против 0, знаете колку кривични пријави се поднесени за трагичната несреќа во која загинаа 45 луѓе во Бугарија во ваше време – 0, знаете колку кривични пријави има за Ласкарци 0. МВР во овој предмет (Кочани) досега процесуираше две кривични пријави против 34 физички лица од кои 31 во моментов се во притвор каде што има членови на СДСМ, на ВМРО- ДПМНЕ, на ДУИ и ниеден од нив не е во оваа постапка заради тоа што е член или не е член на одредена партија заради тоа што Министерството и во соработка со ЈОРМ односно спровело наредба каква што дало ЈО туку заради тоа што досега до овој момент се обезбедени докази за степен на основи на сомнение врз основа на коишто може да се процесуира кривична пријава. 34 физички лица, три правни лица досега, рече Тошковски.

Министерот потенцира дека истрагата е во тек и оти допрва ќе видиме колку ќе бидат опфатени откако ќе се спроведат сите процесни дејствија од обвинителството и МВР.

Талевски праша како е можно да не бидат предмет на истрага функционери кои вечерта биле на функции, а не презеле никакви мерки за спречување или заштита во дискотеката во Кочани, а меѓу нив и Томо Донев, началникот на криминалистичката полиција на Кочани. Според него, Донев бил близок до ВМРО-ДПМНЕ за што покажа фотографија на која се гледа дека тој е во партиски штаб.

Министерот кажа дека за Донев веќе се води дисциплинска постапка од внатрешната контрола во МВР.

-Во однос на неговото присуство за разлика од претходно кога вашите ги наградувавте со медали кога присуствуваа каде ќе стигнеа, сега се води дисциплинска постапка во рамки на МВР и за повредата која ја сторил, ако ја сторил, и ако има доказ кој би го поврзале со фактот дека истиот е член или активно придонесува во рамки на некоја политичка партија соодветно ќе постапува за разлика од претходно, рече Тошковски.

На прашањето на Блерим Беџети во врска со Кочани, министерот за внатрешни работи рече дека МВР работела во координација и по наредбата на обвинителството. На прашањето за лиценцата и за тоа кој го држел овој бизнис отворен, Тошковски со контра прашање колку години функционери на ДУИ биле министри во Министерството за економија.

– Кој го држел овој бизнис отворен, освен што сте правник и висок функционер на политичка партија во Македонија не знам колку години 15-20 управуваше со тоа министерство. Колку години јас не памтам? Не ни памтам дека друг министер управувал со тоа министерство. И сега кој го одржел бизнисот со лиценците, незаконитостите со лиценците и сето она што е незаконски поврзано со Министерството за економија мене ме прашувате, рече Тошковски.

Додаде дека тој како министер нема да ја осуети постапката по ниту еден основ, но исто така повтори и дека „брат да му е ќе одговара“.

Талевски од СДСМ го праша Тошковски за притворениот припадник на МВР од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски осомничен за тргување со информации.

-Дојде време кога секој што се огрешил да одговара без разлика дали е градоначалник од ВМР, дали е градоналник од СДСМ без разлика дали е министер од ДУИ, што во ваше време беше незамисливо. Не можевте во очи да ги гледате, а не по случајно за нив процес да се води, рече Тошковски

Во однос на случајот со членот на обезбедувањето на Мицкоски, министерот рече дека за прв пат има процесна постапка, сега во фаза на основи на сомнение, иако е фатен на дело, за што Одделот за внатрешна контрола поднел кривична пријава.

-Одделот за внатрешна контрола постапува во врска со полициски службеници. Таргети во конкретната акција беа тројца полициски службеници – едниот близок наводно до една политичка партија на власт, другата до политичка партија и високи фукционери во рамки на претходната власт итн, итн. Битно е народот да види надеж дека има некој кој што сака го спроведе законот еднакво за сите. И многу ми е жал што вашиот ментален склоп не може тоа да го свати, рече Тошковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почна средбата Мицкоски – Филипче во Влада
Следна Статија Влада: Одлуката на САД за царинските трошоци, нема да има голем импакт врз нашата економија, но ние имаме подготвен план за надминување на ситуацијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Утре и во петок обилни врнежи од дожд, засилен ветер и заладување, на повисоките планини снег

Под влијание на влажен бран, утре кон крајот на денот, во текот на ноќта кон петок и во петок најпрвин…

May 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски очекува извештајот на ЕК за напредокот на државата да биде сличен како минатогодишниот

Премиерот Христијан Мицкоски очекува извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата, што треба да биде објавен денеска, да биде…

October 30, 2024
МАКЕДОНИЈА

Пет интерпелации во еден ден, помина само една, но и таа нема обврзувачки последици

Собранието до доцна синоќа расправаше по петте интерпелации поднесени против четворица членови на Владата и претседателката на собраниската Комисија за…

January 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Секогаш кога треба правдата да ја имплементираме некој добива дијареја, температура или анксиозност, вели Мицкоски

Секогаш кога треба правдата да ја имплементираме некој добива дијареја, покачена температура или анксиозност од обвинителите и судиите, вели премиерот…

November 27, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?