Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За шест месеци ќе се возиме од Зелениково до Скопје со градски воз
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > За шест месеци ќе се возиме од Зелениково до Скопје со градски воз
МАКЕДОНИЈА

За шест месеци ќе се возиме од Зелениково до Скопје со градски воз

Објавено October 24, 2025 13:23
Сподели
Сподели

Вицепремиерот Алексаднар Николоски во гостувањето на радио Лидер објасни каков ќе биде новиот градски воз којшто ќе се користи за сообраќај.

Веќе почнавме со изградба на градски воз. Многу едноставно решение е градскиот воз. Што е идејата? Ги следиме поголем дел на модерните европски градови. Ја реконструираме постојната железничка инфраструктура на едно друго ниво и ќе ја користиме за градски сообраќај, рече Александар Николоски во гостување на радио Лидер.

Три линии што го поврзуваат целиот град

Николоски објасни дека првата линија ќе биде готова за шест месеци, а појасни и каква ќе биде рутата.

Во Скопје веќе има систем развиен како детелина. Од една страна оди Зелениково, Драчево, Лисиче, Кисела Вода, Аеродром, Нова Железничка. Втората линија оди од Железничка кон Автокоманда, Маџари, Скопје Север, Бутел, Илинден, Петровец. Третата оди кон Ѓорче Петров. Идејата е веќе првата делница од Зелениково преку Кисела Вода и Аеродром која почна да се работи овие денови ќе ја донесеме во инфраструктурна состојба да се користи интензивно и често. Првата линија ќе биде готова за шест месеци. Значи, очекувам веќе следното лето од Зелениково до Нова Железничка да функционира градскиот воз, рече тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Tримесечна специјализирана обука: Лекарската комора го условува продолжувањето на лиценцата на д-р Кузмановски
Следна Статија Николоски ги демaнтира шпекулациите: Во Македонија нема да се градат мигрантски кампови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Утре почнува грејната сезона, но не за сите: Учениците во Карпош ќе се смрзнуваат до 1 Ноември

Грејната сезона официјално започнува утре (вторник), а ЕСМ ги советува граѓаните и фирмите да ги подготват своите системи за греење.…

October 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Утре и во петок обилни врнежи од дожд, засилен ветер и заладување, на повисоките планини снег

Под влијание на влажен бран, утре кон крајот на денот, во текот на ноќта кон петок и во петок најпрвин…

May 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Перински пред гласањето на 12 септември: Ако не се донесе законот, градоначалниците ќе останат без контрола

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, потврди дека институциите прават максимални напори новите измени на Законот за локална самоуправа да…

August 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Мисајловски од Брисел по предлогот на Трамп: Тешко ќе се стигне до 5% од БДП за одбраната, но…

Министерот за одбрана Владо Мисајловски беше на министерскиот состанок на НАТО во Брисел каде САД ја промовираа идејата земјите членки…

February 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?