Претседателот на Украина, Володомир Зеленски повика на средба помеѓу него, американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин, за да се сопре конфликтот во Украина.
Ако на Путин не му е удобно да има билатерален состанок, и ако сите сакаат да биде трилатерален состанок, јас немам ништо против. Подготвен сум за секаков формат“, рече Зеленски.
Зеленски додаде дека „би сакал“ Трамп да го погоди банкарскиот и енергетскиот сектор на Русија со многу строги санкции, како одговор на одбивањето на Москва да се согласи на прекин на огнот.
Трамп пред неколку дена рече дека „Путин целосно полудел“, коментирајќи го најжестокиот напад на Русија врз Украина во последно време.
„Она што Путин не го сфаќа е тоа што да не бев јас, многу лоши работи ќе и се случеа на Русија. Тој си игра со оган“, напиша тој во објава вчера на „Truth Social“.