Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Земјоделците се незадоволни од откупните цени на јачменот и пченицата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Земјоделците се незадоволни од откупните цени на јачменот и пченицата
ЕКОНОМИЈА

Земјоделците се незадоволни од откупните цени на јачменот и пченицата

Објавено July 6, 2025 18:48
Сподели
Сподели

Земјоделците во сите региони се незадоволни од откупните цени на јачменот и пченицата кои според нив се ниски и неприфатливи.

„Жетвата на јачменот е пред самиот крај. Квалитетот на зрното е задоволително, а просечните приноси се околу 3,5 тони по хектар. Единствено загрижува што моменталната откупна цена е многу ниска, па јачменот се откупува за 9,5-10 денари за килограм. Нашите пресметки говорат дека производствената цена на јачменот е најмалку 15 денари, а на пченицата најмалку 19 денари, такви беа пресметките и на Земјоделскиот институт во 2023 година. Иако беше најавено, за оваа реколта сѐ уште немаме производствена цена, а Министерството за земјоделство најави откупна нето цена од 12 денари, плус дополнителните трошоци. Меѓутоа, во пракса имаме многу пониска откупна цена“, вели Ѓорги Каракашев од Националната мрежа на земјоделците.

Министерството за земјоделство известува дека годинашнава откупна цена е повисока од лани. Од друга страна, земјоделските производители велат дека со ниските откупни цени се дестимулираат земјоделците и не случајно во сите житородни региони секоја година се намалуваат површините што се засејуваат со јачмен и лебно жито.

Според Каракашев, мелничарите ги замајуваат земјоделците и манипулираат со некакви берзански цени и услови кои диктираат, а од друга страна, забораваат дека јачменот и пченицата како лебно жито со закон се во групата на стратешки земјоделски култури кај нас, чии застапеност, производство и откупни цени треба да бидат под будно око на државата.

„Годинава очекуваме род од 160.000 тони јачмен, а домашните потреби се околу 90.000 тони. Од пченицата се очекува род од 170-190.000 тони, а потребите изнесуваат 350-370.000 тони. Тоа значи дека недостигот ќе се надоместува со увоз, но треба да се знае дека сите извозници и од исток и од север нудат дотраено жито, старо и по три години, со што губи од својот квалитет и станува сомнително за употреба“, вели Каракашев.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Утре е празник на девојките: Ноќта пред Иванден се плетат венци, а ова се адетите за зачнување
Следна Статија (ФОТО) 38 возила се ставени во употреба за гаснење на пожарите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Nvidia не инвестира 100 милијарди долари во OpenAI поради проценката на компанијата

Извештајот на WSJ открива дека Nvidia сака да нагласи дека нема да биде целосно зависна од OpenAI

February 3, 2026
ЕКОНОМИЈА

Потпишан договор за изградба на гасоводен интерконектор со Грција, најголема енергетска инвестиција во последните 10 години

Потпишан е договорот за изградба на гасоводниот интерконектор со Грција. Изградбата ќе трае 22 месеци, а гасоводот ќе биде во…

May 8, 2025

Форд се префрла на хибриди и ѝ дава отказ на целосно електричната F-150, предвидува трошоци од 20 милијарди долари

До 2030 година, околу 50% од глобалниот волумен на Форд ќе бидат хибриди, електрични возила со проширен домет и целосно…

December 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Имале зголемени трошоци: Автошколите со повисоки цени за полагање за возачка дозвола од Б категорија

Полагањето за возачка дозвола од Б категорија од овој месец поскапе за речиси 10.000 денари, што ги изненади и револтираше…

November 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?