Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЗОО Скопје: Нема простор за паника во врска со појавата на животинска туберкулоза кај поединечни животни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ЗОО Скопје: Нема простор за паника во врска со појавата на животинска туберкулоза кај поединечни животни
МАКЕДОНИЈА

ЗОО Скопје: Нема простор за паника во врска со појавата на животинска туберкулоза кај поединечни животни

Објавено September 25, 2025 18:05
Сподели
Сподели

Зоолошка градина Скопје ја информира јавноста дека нема простор за паника во врска со неодамнешните информации за појава на животинска туберкулоза кај поединечни животни. Како што велат од ЗОО Скопје, безбедноста на посетителите и грижата за животните остануваат наш врвен приоритет.

Туберкулозата кај животни не е нова појава. Овој вид заболување е познат со децении, и може да се јави и во зоолошки градини и во природата, па дури и во почва, паркови и игралишта во околината каде што живееме.

Ризикот за посетителите е многу низок и речиси невозможен. Преносот на туберкулоза од животни на луѓе е исклучително редок и најчесто бара долг и директен близок контакт со болни животни, нешто што е невозможно за обичните посетители“, велат од ЗОО Скопје.

Оттаму додаваат дека вработените кои се во директен контакт со животните со години изминатиот период биле тестирани, при што сите досегашни резултати се негативни и нема заразени лица меѓу персоналот.

Се преземаат строги ветеринарни и санитарни мерки и постојано се врши дезинфекција во живеалиштата. Секое сомнително или заболено животно е предмет на надзор, тестирање и соодветен третман согласно меѓународните стандарди, а поставени се и дез бариери кај живеалиштата.

Превентивно решивме во наредниот период да го изолираме и Бејби ЗОО, катче кое секако во наредниот период ќе мора поради ниските престоечки температури да се затвори за јавност.

Посетителите се движат по безбедни патеки и немаат близок контакт со животните. Контролата на здравјето на животните и на вработените е континуирана и под надзор на надлежните институции“, велат од ЗОО Скопје.

Од градината велат дека случаи на животинска туберкулоза се регистрирани и во други зоолошки градини низ светот, но тоа никогаш не резултирало со ризик за јавноста.

ЗОО Скопје останува целосно посветена на заштита на здравјето на посетителите, добросостојбата на животните и транспарентност во информирањето. Ќе продолжиме редовно да ја известуваме јавноста и да соработуваме со сите надлежни институции за навремена превенција и контрола.

Продолжуваме да работиме со иста посветеност за да обезбедиме позитивно и сигурно искуство за сите посетители и највисок степен на грижа за животните“, велат од ЗОО Скопје.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вработените од „Паркови и зеленило“ на протест, бараат исплата на плата за август
Следна Статија Стрико на поранешен министер од ДУИ се токми да биде претседател на Советот на јавни обвинители

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Одѕивот на локалните избори за првпат најверојатно нема да надмине 50 проценти во првиот круг

Одѕивот на изборите за градоначалници и советници, според подфатоците на ДИК, за првпат нема да надмине 50 проценти во првиот…

October 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

И болните може да се излечат: Денеска е Балаклија, првиот петок по Велигден

Првиот петок по Велигден е Источен петок – Балаклија. Источен петок, се вика уште и Извор на лекувањето, бидејќи тој…

April 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ова се казината што ќе стават клуч на врата

На социјалните мрежи се појави мапа со казини кои треба да бидат затворени откако се изгласа новиот Закон за игри…

July 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за одлуката на судот во Стразбур: Мораме да се срамиме поради малкумината судии кои го контаминираат нашето судство

Европскиот суд за човекови права во Стразбур отвори постапка по жалбата на поранешната министерка Гордана Јанкулоска за случајот „Тенк“, за…

November 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?