Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зошто снема струја во неделата утрото: Можни се три причини, вели заменик министерот за енергетика
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Зошто снема струја во неделата утрото: Можни се три причини, вели заменик министерот за енергетика
МАКЕДОНИЈА

Зошто снема струја во неделата утрото: Можни се три причини, вели заменик министерот за енергетика

Објавено May 20, 2025 17:08
Сподели
Сподели

Три се можни причини за испадот во системот на електрична енергија што се случи неодамна – немањето корисник, немањето трансфер на енергија, но и зголемениот број фотоволтаични централи во земјава, кои се новина во системот, вели заменик министерот за енергетика Мирослав Лабудовиќ.

Според него, во иднина ќе треба да се направат дополнителни инвестиции за да се спречат вакви испади, но како што рече, добро е што веќе се има искуство како да се реагира доколку ваков испад се повтори.

-Битола 2 трансформатор 2 испаѓа во 2:59, Скопје 1 трансформатор 1 испаѓа бо 3.35 , потоа Штип и Скопје повторно. Причина, според МЕПСО, е висок напон. Од инжинерски аспект можам да кажам, се уште нема извештај од МЕПСО, кој има рок од 7 дена за доставување, дека тоа може да се случи поради немање конзум односно корисник, поради немање трансфер на енергија, реално нема во Македонија кој знае каква индустрија и таа што е почнува да работи во прва смена од 6 часот, но и поради зголемениот број фотоволтаични централи кои во тој период не работат, инверторите генерираат реактивна енергија која може да доведе до зголемување на напонот, појасни Лабудовиќ.

Добро е, додаде тој, што во нашиот случај заштитата реагирала и не е оштетена опремата и во тој момент државата работи како островски систем и снемува струја, бидејќи треба да направиме дополнителни инвестиции да го решаваме овој проблем, затоа што фотоволтаичните централи од 1 гигават се, како што рече, нов удар и нова ситуација за енергетскиот систем.

-Не можам да предвидам дали би имало повторно, но, можам да уверам дека е научена лекцијата од овој случај и во тој момент МЕПСО ќе може полесно да манипулира, ЕВН да реагира со инверторите во ноќните часови, рече заменик-министерот во одговор на пратеничко прашање од пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ.

Тој ја обвини власта дека во изминатиот период не направила ништо да спречи вакви испади и оти треба да реагира навремено и да инвестира за вакви настани да не се случуваат во идниот период. Според него, доколку Владата го изгради Чебрен, вакви нешта можат да се превенираат, и појасни би имале постабилен систем, но потенцира и оваа година не се спредвидени средсва, што значи дека остануваат само усни заложби на Владата.

-Дефектите што ги спомнавме и испадите на системот се однесуваат на 110 киловатната мрежа. Мене прашањето ми беше, а нема дополнително да прашувам бидејќи нема волја да се одговори, кој ќе понесе одговорност, бидејќи вие не сте од вчера на оваа функција, дали ќе ги разрешите директорите кои не успеаја да си ја вршат работата на вистински начин и да овозможат барем еден амортазиционен план за ова што се случува бидејќи треба големи чекори да се преземат. Се ќе беше јасно ако имаше пари во Буџетот, но нема пари ништо не правите, рече Мециновиќ.

Чебрен рече, не е атрактивен за полтичките структури бидејќи неговата изградба трае овеќе од еден или два мандати и е потребна сериозна сума на пари.

-Кога сме на таа реалност која вие ја занаете, тогаш нека понесат одговорност директорите на нашите државни фирми во електроенергетскиот систем, рече пратеникот Мециновиќ.

Тој смета дека фотоволтаиците се најголемата причина за испадите.

-На приватникот не му е гајле дали ние треба да сихронизираме во нашата мрежа. Нему му е поента да произведува струја и да ја пушта во мрежата и да генерира профит. Ние без прекин даваме дозволи за фотоволтаици кои очигледно нашиот електроенергетски систем не може да ги поднесе и ни се случуваат крахови за кои нејќете да признаете дека се случуваат заради приватниот интерес за фотоволтаици, туку преку ментална гимнастика се обидувате да му дадете регионален, континентален контекст за да избигате од вистината, рече Мециновиќ.

Заменик-министерот Лабудовиќ на прашање од Мециновиќ за долговите на ЕСМ рече дека новото раководство лани во август го наследува со 110 милиони евра долг.

-Ако продолжел овој тренд и не се сменело несподобното раководство, долгот, ако го проектираме за 12 месеци би бил 165 милиони евра, а само да споредам во 2021 година на економска и иенергетска криза долгот на ЕСМ пораснува на 193 милиони евра. Долгот на ЕСМ во моментот е намален и изнесува 90 милиони евра и ЕСМ во моментот работи на сериозна оптимизација на своето производство, рече заменик министерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николовски до Трипуновски: Ќе останат ли земјоделците без зелена нафта, а учениците без мерката „здрав оброк“?
Следна Статија Само околу два месеци во годината жителите на Македонија дишат чист воздух

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Министерката Весна Јаневска во Кочани спасила професор кој колабирал – му го извлекла јазикот да не се задуши

Проф. д-р Весна Јаневска, актуелната Министерка за образование доцна синоќа беше во посета на Кочани. Во едно од училиштата одржа…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Герасимовски: Испекциски контроли за безбедност во објектите во Центар

Во текот на вчерашниот ден, по барање на Градоначалникот Горан Герасимовски се одржа итен состанок на Штабот за заштита и…

March 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Почнува реконструкцијата на Клиниката за гинекологија и акушерство

Директорката ги кажа сите детали. Јас немам што да додадам на сето тоа. Ми останува само да ја честитам успешната…

May 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Полициска акција против трговците со сомнителен мазут, разоткриена мрежа на увозници

Полицијата започна координирана акција против компании и поединци инволвирани во набавка и продажба на сомнителен мазут што претставува сериозна закана…

March 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?