Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ивановска: Претседателката на ДКСК мора под итно да си поднесе оставка за да може институцијата слободно да се чисти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ивановска: Претседателката на ДКСК мора под итно да си поднесе оставка за да може институцијата слободно да се чисти
МАКЕДОНИЈА

Ивановска: Претседателката на ДКСК мора под итно да си поднесе оставка за да може институцијата слободно да се чисти

Објавено April 28, 2025 17:39
Сподели
Сподели

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) мора најитно да си поднесе оставка, затоа што на овој начин сè уште ја инфицира институцијата. Треба да се тргне за институцијата да може слободно да се чисти, порача поранешната претседателка на ДКСК Билјана Ивановска, денеска, пред одржувањето на сесијата на Националната конвенција за ЕУ во РСМ посветена на борба со корупцијата.

На новинарско прашање поврзано со случајот со актуелната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска, која минатата недела се најде на листата осомничени во случајот „Адитив“ поради оддавање службени тајни на друг обвинет во случајот, Ивановска вели несомнено е нанесен тежок удар врз општеството, граѓаните и институцијата, нагласувајќи дека не е момент да се седи со скрстени раце.

Според Ивановска, на потег сега е законодавниот дом пред кого одговараат и претседателката и членовите на Антикорупциската комисија.

Се случило што се случило, сега треба да гледаме како понатаму, значи треба да се бара чаре. На потег е Собранието – кои механизми може да ги преземе, што може самата институција да направи од аспект на самопроценка на ризици од корупција. Ние сме правеле и претходно во насока на зголемување на интегритетот на таа институција, имаме регистар со ризици од корупција и мерки како тие да се надминуваат. Тоа треба сега да се преиспита, да се види кои се високите ризици, со какви контроли треба да се покријат и така натаму, рече Ивановска.

Според поранешниот член на ДКСК Владимир Георгиев, одговорноста е индивидуална на секој член, меѓутоа тоа влијае врз работата на целата институција и нејзиниот углед во јавноста. ДКСК, вели Георгиев, е на граница на својата доверба во јавноста и ќе треба дополнителен напор за да се врати довербата.

Она што произлезе од работата на Јавното обвинителство дека е вмешана претседателката на ДКСК, навистина влијае врз имиџот и довербата на јавноста, но и другите институции во работата на ДКСК. Што се однесува на тоа дали целата институција е виновна, сметам дека тоа е индивидуална одговорност на секој поединечен член, во случајот на претседателката, меѓутоа тоа влијае врз работата на ДКСК и нејзиниот углед во јавноста. Многу е тешко да се стекне доверба преку работа, непристрасност и посветеност, меѓутоа многу лесно може да се изгуби таа доверба. ДКСК е веќе на граница на својата доверба во јавноста и треба многу дополнителен напор за да ја поврати таа доверба, рече Георгиев.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска Давкова за Законот за употреба на јазиците: Да се држат до Уставот и нема да згрешат
Следна Статија Oдбраната на обвинетите бара реконструкција на убиствата на Вања и Панче или предметот да се врати во фаза на истрага

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Снег во Струга

Студениот бран што денеска ја зафати Македонија со снег го покри брегот на Охридското Езеро. Попладнево интензивни снежни врнежи имаше…

April 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Oбвинители и судии здружено за криминалците: Дилер фатен со 992 грама марихуана осуден на 1 година затвор, но целата казна си ја одлежал – дома!

Може човек да биде дилер на дрога, може да се случи да биде фатен, може да биде и обвинет и…

February 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЕУ даде зелено светло за реформската агенда на Македонија: Вредност од шест милијарди евра

Земјите-членки на Европската унија дадоа зелено светло на Реформската агенда на Македонија, која го отвора патот за почеток на предфинансирање…

October 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Објавен е првиот пакет на претстојни повици во рамките на програмата „Дигитална Европа“ за 2025 година

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски на денешната прес-конференција соопшти дека е објавен првиот пакет на претстојни повици во рамки…

April 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?