Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Извинете браќа Македонци“ „Повредените ги пративме да ги лекувате, а не да правите ПР“: ОСТРИ реакции во Србија и Македонија за популизмот на Вучиќ сликан меѓу пациентите со изгореници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > „Извинете браќа Македонци“ „Повредените ги пративме да ги лекувате, а не да правите ПР“: ОСТРИ реакции во Србија и Македонија за популизмот на Вучиќ сликан меѓу пациентите со изгореници
БАЛКАН

„Извинете браќа Македонци“ „Повредените ги пративме да ги лекувате, а не да правите ПР“: ОСТРИ реакции во Србија и Македонија за популизмот на Вучиќ сликан меѓу пациентите со изгореници

Објавено March 18, 2025 10:47
Сподели
Сподели

Жестоки реакции кај српската и македонската јавност предивика претседателот на Србија, Александар Вучиќ со појавувањето со камери во болницата каде што се сместени пациентите од пожарот во Кочани. Тие се со изгореници и беа испратени во Белград за да добијата подобар третман и лекување.

„Извинете браќа Македонци. Сега знаете против што се бориме овде. Прифатете го моето искрено сочувство и се надевам дека овој немил инцидент нема да предизвика никакви компликации за повредените деца кои се на лекување овде во Србија“, вели еден Србин во една од бројните реакции на социјалните мрежи.

Ги пративме да ги лечат, а не со нив да се прави ПР, велат дел од Македонците кои исто така реагираат на фотографиите од Вучиќ во болницата.

„Срам да ти е Вучиќ! Немаш тронка достоинство! Од каде имаш право да сликаш луѓе, болни во завои, заради самопромоција! Срам за тебе и за целата твоја придружба!“

„Повредените ги пративме да ги лекувате, а не да правите ПР“, „И ова го искористи за да се промовираш?!“, се некои од коментарите.

Никаде каде што има пациенти испратени по пожарот во Кочани не видовме политичари освен во Србија. Секаде има само соопштенија или лекари од болнците даваат изјави за медумите, но надвор од болнците, се потенцира во една од реакциите.

Вучиќ на своите лични профили на социјалните мрежи објави фотографии од тоа како ги посетил пациентите повредени во пожарот во дискотека во Кочани, кои се испратени на лекување во Белград.

„За нас трагедијата во Кочани е како да се случила некаде во нашата земја. Верувам дека ќе можеме да им помогнеме на овие луѓе кои дојдоа со ужасно тешки повреди. На располагање им стоиме на нашите браќа и пријатели Македонци и подготвени сме да примиме повеќе пациенти бидејќи имаме болници од прва класа“, напиша Вучиќ на Инстаграм, додавајќи: „На македонскиот народ нема да му биде лесно, а ние секогаш ќе бидеме со него, како што тие беа со нас“.

Србија остро го осудува популизмот на Вуќиќ кој со десетици фоторепортери, новинари и сниматели се сликаше во болничката соба со повредените Македонци, чин кој гледан од кој било апект е медицински камиказе потег со кој се загрозува животот и здравјето ан повредените.

Во Македонија, граѓаните потегот на Вучиќ го споредуваат со приказната за Итар Пејо и опинците кои му ги дал богатиот селанец за да игра на орото и постојано се фалел дека тој игра така убаво со неговите опинци. Крајот на прикаската го знаете. Макеоднија е преблагодарна на Србија и српскиот братски народ, пишуваат граѓаните, од срце и душа, но не мора да се користи на ваков начин секој чин на хуманост, давајќи доза на дегутантност во целата филантропија и заматувајќи го искреното братство со српскиот народ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Морничаво: Нетфликс пред две години објави серија за пожар во дискотека, истото се случи и во Кочани (ВИДЕО)
Следна Статија УСАИД дале грант од пет милиони долари на Фондацијата отворено општество за финансирање на протестите на „шарените“: Истражувачот Мајк Бенц за злоупотребите во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Страв и ужас во Босна: Најмалку 18 загинати и 40 исчезнати

Само во областа Јабланица, 16 лица загинаа во поплавите и одроните што ја погодија БиХ, додека две лица се удавија…

October 4, 2024
БАЛКАН

Австрија и Германија воведоа забрана за влез на Милорад Додик

Австрија и Германија воведоа забрана за влез на водачот на босанските Срби, Милорад Додик. Покрај него, забраната важи и за…

April 4, 2025
БАЛКАН

Бугарскиот шеф на дипломатијата: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев

Шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев во интервју за БТВ, изјави дека на 4 февруари нема да има заедничко одбележување…

February 3, 2025
БАЛКАН

Албанија отвора уште еден кластер во преговорите со ЕУ

Во Брисел денеска се одржа третата меѓувладина конференција ЕУ – Албанија, на која за земјата беше отворен Кластерот 6 за…

December 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?