Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Извршителите минатата година наплатиле околу 160 милиони евра, тврдат дека цените на нивните услуги не биле високи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Извршителите минатата година наплатиле околу 160 милиони евра, тврдат дека цените на нивните услуги не биле високи
МАКЕДОНИЈА

Извршителите минатата година наплатиле околу 160 милиони евра, тврдат дека цените на нивните услуги не биле високи

Објавено February 28, 2025 09:17
Сподели
Сподели

Извршител од Скопје доставува налог за извршување до образовна институција во која е вработен интелектуалец, но оттаму добива информација дека треба да чека во редот за извршување, бидејќи пред него за ова лице има уште 42 налози за извршување. По проверката во Катастар и во МВР, извршителот добил информација дека на име на должникот нема ниту имот, ниту возило…, па поради тоа ќе поминат многу години за да ја изврши наплатата.

Ова е само еден пример со кој се соочуваат извршителите во секојдневното работење, но како што беше посочено на работилницата за новинарите што се одржува во Струмица, според статистиката за 2024 година, извршителите се пренатрупани со комунални предмети, кои изнесуваат 50 отсто од вкупно примените барања за извршување. Потоа следуваат предметите за судски паушал, односно за неплатена такса за водење на судските прекршочни постапки за предмети со сума од 1000 до 2000 денари, а по нив и предметите од облигациони односи меѓу граѓаните, меѓу правните лица и останатите чинители во државата, вклучително и државата каде што се јавува како доверител.

Според претседателката на Комората на извршители на Република Македонија, Весна Деловска, бројот на барањата за извршување се зголемил за 10 илјади предмети откако Уставниот суд го укина застарувањето како можност за ненаплата на долговите.

-Како поминува времето, така граѓаните стануваат свесни, знаат што е процесот на извршување и ги нема проблемите од порано. Со гордост би рекла дека граѓаните на нашава држава стануваат финансиски свесни, послушни и совесни во исполнување на своите обврски, вели Деловска.

Во врска пак со поплаките од граѓаните дека им се наплатува неразумно многу, Деловска појаснува дека сумите за извршните трошоци на извршителите не само што не се високи, бидејќи покрај главниот долг, извршителот наплатува и извршни трошоци за адвокати, нотари, проценители, геодети, катастар, централен регистар и поштенски услуги.

Во вкупните трошоци на извршувањето во најголем дел учествуваат други трошоци, а не наградата на извршителот, што покажуваат и анализите на Дуинг бизнис дека иако 28,8 отсто од целото побарување му припаѓаат на извршувањето, сепак 16,7 отсто не се за извршителите, туку се за адвокатите.

Поголема транспарентност и соработка меѓу извршителите и новинарите за доближување на извршителството како дејност до пошироката јавност, велат експерите

Експертите кои учествуваат на работилницата посочуваат дека е потребна поголема транспарентност и соработка меѓу извршителите и новинарите, со цел заедно да го доближат извршувањето како дејност до пошироката јавност, односно преку еден транспарентен начин да се каже што и какви придобивки донесува извршителското работење за државата и стопанството во целина.

-По дведецениско постоење на извршителската дејност веќе е време новинарите и извршителската фела меѓусбно да соработуваат. Да се стави акцент на кој начин извршителите придонесуваат за добробитта на македонските граѓани, но и на самото стопанство во целина, односно колкав дел од тие наплатени долгови завршуваат во државниот буџет, истакна експертот по комуникација од Летонија, Имантс Мозерс. Потпретседателот на Светската унија на извршители Јос Уитдехаг зборувајќи за улогата на извршителот во една постапка помеѓу доверителите и должниците, посочи дека најпрво треба да се разбере дека извршителот е дел од правосудниот систем во целина. -Кога доверителот поднесува некое тужбено барање или кога ќе добие соодветна судска пресуда, односно решение, тоа не треба да служи само за морална сатисфакција на самиот доверител, туку тоа решение мора да биде извршено и тука доаѓа во игра самиот извршител кој треба да се грижи за правата на двете странки и на доверителот и на должникот. Во тоа пропорционално извршување треба да се направи рамнотежа, бидејќи од една страна се правата на доверителот за наплата на она што било долг, а од друга страна е благосостојбата на должниците, односно да не им се одземат средствата за нивна егзистенција, истакна Уитдехаг. Координаторката на проектот МАТРА во чии рамки се одржува работилницата, Злата Михаилова, рече дека проектот во Македонија, но и во земјите од Западен Балкан се спроведува веќе пет години со цел да се подобри перцепцијата за работата на извршителите, бидејќи за жал извршителската дејност ужива непопуларна перцепција во јавноста. Во 2024 година процентот на реализација на извршувањето е 44,15 отсто Анализата на Комората на извршители покажува дека во 2024 годинава примени се вкупно 167 112 барања за извршување. Во оваа извештајна година извршителите завршиле 73 795 предмети, а процентот на реализација изнесува 44,15 отсто. Минатата година извршителите наплатиле 160 637 022 евра од граѓаните, фирмите и другите должници, а вкупно во изминатите 19 години наплатата изнесува 2 083 432 955 евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ако планирате да патувате во Барселона, ќе плаќате двојно повисоки туристички такси
Следна Статија Пример за едноставност и нормалност: Мицкоски со комерцијален лет отпатува за Истанбул, шпанскиот амбасадор воодушевен од скромноста на премиерот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: 250 евра за студентите за набавка на електронски уреди од септември

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денес изјави дека Владата планира ученички стипендии за наредната година, а во…

June 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски по повод Денот на полицијата: Правдата мора да дојде преку непоткуплива полиција

Премиерот Христијан Мицкоски, на 7 мај, Денот на македонската полиција, порача дека задача на Владата е правдата мора да дојде…

May 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Зошто снема струја во неделата утрото: Можни се три причини, вели заменик министерот за енергетика

Три се можни причини за испадот во системот на електрична енергија што се случи неодамна – немањето корисник, немањето трансфер…

May 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бугарија се откажа од изградбата на железничкиот коридор 8 кон Македонија

Додека Бугарија врши притисок врз Македонија да ја забрза изградбата на железничката линија Софија - Скопје, нашата земја ја одложи…

March 14, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?