Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Израелски медиуми: Нетанјаху ќе предложи целосна окупација на Газа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Израелски медиуми: Нетанјаху ќе предложи целосна окупација на Газа
СВЕТ

Израелски медиуми: Нетанјаху ќе предложи целосна окупација на Газа

Објавено August 5, 2025 21:10
Сподели
Сподели

Бенјамин Нетанјаху ќе предложи повторна целосна окупација на Појасот Газа кога ќе го свика својот безбедносен кабинет оваа недела, објавија израелските медиуми.

„Одиме во целосно освојување на Појасот Газа и да го поразиме Хамас“, изјави еден израелски функционер.

Одговарајќи на извештаите дека началникот на армијата и други воени лидери се спротивставуваат на планот, неименуваниот функционер рече:

„Ако тоа не функционира за началникот на генералштабот, треба да поднесе оставка“.

Семејствата на заложниците стравуваат дека ваквите планови би можеле да ги загрозат нивните најблиски. Се верува дека 20 од 50 заложници во Газа се живи, додека анкетите покажуваат дека три четвртини Израелци сакаат договор за прекин на огнот како начин за нивно враќање дома.

Стотина поранешни израелски функционери вчера објавија заедничко писмо до Доналд Трамп, барајќи од него да го притисне Нетанјаху да ја заврши војната.

„Од воена гледна точка, Хамас е целосно уништен. Од друга страна, идеологијата станува помоќна и помоќна кај Палестинците и во исламскиот свет. Така што, единствениот начин да се порази идеологијата на Хамас е да се понуди подобра иднина“, кажа бившиот шеф на израелската разузнавачка агенција Ами Ајалон, еден од потписниците на писмото.

Израел ги разгледува следните чекори откако пропаднаа индиректните претовори со Хамас за прекин на огнот и враќање на заложниците.

Израелската војска вели дека веќе има оперативна контрола врз 75% од Газа. Но, според предложениот план, таа би ја окупирала целата територија, преместувајќи се во областите каде што сега се концентрирани повеќе од два милиона Палестинци. Не е јасно што би значело тоа за цивилите и за операциите на ОН и другите хуманитарни групи. Околу 90% од 2,1 милион луѓе во Газа се раселени и живеат во пренаселени и ужасни услови, а многумина и гладуваат.

Израел ги повлече своите сили од Газа во 2005 и ги растури доселеничките населби.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ChatGPT на OpenAI, Gemini на Google и Claude на Anthropic се додадени на списокот на одобрени добавувачи на вештачка интелигенција за владата на САД
Следна Статија Уапсено е лице што за време на натпреварот во Куманово се обидело да внесе транспарент со навредлива содржина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Русите јуришаат на фронтот со розева „Лада“

Најновото руско јуришно возило се чини дека е розово „Жигули“, стар советски автомобил познат како Лада стандард. Овој розов автомобил…

December 27, 2024
СВЕТ

Нобеловата награда за физика им припадна на тројца научници од САД за откритија во квантната механика

Годинашната Нобелова награда за физика им е доделена на Џон Кларк, Мишел Х. Деворе и Џон М. Мартинис “за откривање…

October 7, 2025
СВЕТ

(Видео) Бајден дремна на средба со африканските лидери

Џо Бајден (82) се чини дека накратко заспал за време на состанокот со африканските лидери. Американскиот претседател беше во Ангола,…

December 5, 2024
СВЕТ

НОВ РЕКОРД: Во ЕУ живеат 450,4 милиони луѓе, еден милион повеќе од минатата година

Европската Унија моментално има 450,4 милиони жители, 1.070.702 повеќе од претходната година, што претставува четврта година по ред во која…

July 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?