Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Илон Маск ги спои двете свои најголеми компании
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Илон Маск ги спои двете свои најголеми компании
ЕКОНОМИЈА

Илон Маск ги спои двете свои најголеми компании

Објавено February 3, 2026 08:06
Сподели
Сподели

Илон Маск официјално ги спои SpaceX и xAI, создавајќи единствен корпоративен ентитет кој, според проценките, станува највредната приватна компанија во светот, објави компанијата SpaceX.

Спојувањето ги обединува двете најамбициозни компании на Маск и укажува на огромните финансиски и технолошки потреби на xAI за натпревар во сè побрзо растечкиот сектор на вештачка интелигенција, но и на стратешката важност на таа технологија за иднината на вселенските истражувања, пишува CNN

„Ова не е само следното поглавје – ова е целосно нова книга во мисијата на SpaceX и xAI“, се наведува во соопштението објавено на официјалната страница на SpaceX.

 

Вредност од над билион долари

Според податоците на PitchBook, SpaceX во декември 2025 година бил проценет на 800 милијарди долари, додека xAI во последниот инвестициски круг во јануари бил вреднуван на 230 милијарди долари. Со спојувањето, новиот ентитет ја надминува границата од еден билион долари приватна вредност.

 

Визија на Маск: Податочни центри во вселената

Овој потег ја одразува и растечката тешкотија со која се соочуваат технолошките компании во обезбедување сè поголема компјутерска моќ неопходна за развој на вештачка интелигенција.

 

„Денешниот напредок во ВИ зависи од огромни податочни центри на Земјата кои трошат неверојатни количини енергија и бараат интензивно ладење“, напиша Маск. „Најлогичното решение е тие ресурси да се преместат таму каде што има изобилство од енергија и простор.“

 

Според неговите проценки, за две до три години најевтиниот начин за создавање компјутерска моќ за ВИ ќе биде – во вселената.

 

Во таа насока, SpaceX минатата недела поднесе барање до американската Федерална комисија за комуникации (FCC) за дозвола за лансирање констелација од еден милион сателити, кои би функционирале како соларно напојувани орбитални податочни центри.

 

Контроверзии околу xAI и Grok

И покрај амбициите, xAI е оптоварен со сериозни контроверзии. Компанијата, која е и сопственик на социјалната мрежа X, беше жестоко критикувана поради својот чатбот Grok, кој генерирал сексуализирани слики од вистински жени.

 

Минатата година Grok беше обвинет и за насилни и антисемитски содржини, по што xAI јавно се извини, тврдејќи дека станува збор за несакан ефект од ажурирање на системот.

 

Огромни пари, жестока трка

И покрај контроверзиите, инвеститорите масовно вложуваат во вештачка интелигенција. Компанијата Nvidia, највредната фирма во светот, минатата година објави инвестиција од 100 милијарди долари во OpenAI.

 

Судир на корпоративни култури?

И SpaceX има свои скапи и долгорочни цели – пред сè испраќање луѓе на Марс и создавање постојана колонија. Делумно преклопување меѓу двете компании постоело и порано, со вработени кои работеле паралелно во SpaceX и xAI.

 

Сепак, некои поранешни вработени во xAI изразија загриженост поради можен културолошки судир.

 

„xAI функционира по принципот ‘делувај брзо и не плаши се од грешки’, со рамна хиерархија и пристап ‘прво направи, па прашај’. Стравувам дека многумина од xAI ќе доживеат културен шок во SpaceX“, напиша Бенџамин де Кракер, поранешен член на xAI.

 

IPO што може да влезе во историјата

Маск во декември потврди дека планира иницијална јавна понуда (IPO) за SpaceX. Таа, уште пред спојувањето со xAI, беше проценета на околу 1,5 билиони долари, што би ја направило една од најголемите IPO-зделки во историјата.

Според Bloomberg Billionaires Index, Маск моментално располага со 676 милијарди долари личен имот, што го прави најбогат човек на светот а новиот корпоративен гигант би можел таа бројка уште драстично да ја зголеми.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на лауреати: Во науката нема мали и големи држави, туку само мали и големи идеи
Следна Статија Росоклија тврди дека имал согласност од родителите за трансфер на мозоците

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Просечната нето плата во ноември е 41.999 денари

Просечната исплатена нето плата во ноември изнесувала 41.999 денари, што е зголемување за 9,5 проценти во однос на ноември, објави…

January 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Кој ги пумпа цените: Становите поскапеле за 25 проценти во четвртиот квартал лани на годишно ниво

Во четвртиот квартал од минатата година недвижностите поскапеле за 25 проценти на годишно ниво, а за 3,2 проценти на месечно,…

January 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

Голем пад на „Тесла“ на два важни пазари, кинескиот бренд процвета

„Тесла“ регистрираше голем пад на продажбата на автомобили во Велика Британија и Германија минатиот месец, додека, пак, кинескиот BYD регистрираше…

August 13, 2025

Сенаторот Тим Скот го одлага гласањето за криптовалути во Банкарскиот комитет

Претседателот на Банкарскиот комитет на Сенатот го одложува планираното гласање поради забелешки од клучна криптовалутна компанија.

January 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?