Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Имаме најниски плати во регионот, се пожалија од здруженијата на судиите и на јавните обвинители
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Имаме најниски плати во регионот, се пожалија од здруженијата на судиите и на јавните обвинители
МАКЕДОНИЈА

Имаме најниски плати во регионот, се пожалија од здруженијата на судиите и на јавните обвинители

Објавено September 23, 2025 18:22
Сподели
Сподели

Здружението на судии на Република Македонија реагира на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска изјави дека чувствува мачнина од висината на платите на судиите и обвинителите.

Од Здружението велат дека според фактите, кои, како што наведуваа, се проверливи и достапни, платите на судиите и на судските службеници се најниски во регионот и пошироко.

„По однос ‘вечната тема’ платите на судиите во земјава, Здружението на судии јавно ќе ги обелодени фактите кои се проверливи и достапни за јавноста, а тоа е дека платите на најголем број на судии во Основните судови во РСМ, со фамозното ‘зголемување’ од 78 проценти, достигнува до 86 000 денари, а примањата на судските службеници се исклучително ниски и под просечната плата во РСМ. Ваквите плати на судиите и секако судските службеници се апсолутно најниските во регионот и пошироко“,се вели во реакцијата на Здружението на судии на РСМ.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го повтори ставот дека не се согласува судиите и обвинителите да земаат повисоки плати, како што предвидуваат реформските закони во правосудството, бидејќи одлуките што ги носат и рејтингот што го имаат, според него, покажуваат дека не ги заслужуваат.

Мицкоски ова го кажа, откако при денешната посета на Штип беше прашан за коментар на вчерашната пресуда за докторката Мери Пешевска за тешки дела против здравјето на луѓето во предметот „Онкологија“, кој се однесува на несовесно лекување пациенти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во 2023 година секое шесто домаќинство во Македонија живеело во сиромаштија
Следна Статија МОН: Донесена е одлука за привремено запирање на работата на приватниот Факултет за бизнис економија во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Кирков: Поморот во куќата на стравот продолжува – Во Скопје ЗОО починаа уште две лами

Поморот во Куќата на стравот продолжува – Во Скопје ЗОО починаа уште две Лами! Почитувани, Нашата, Скопската Зоолошка е една…

July 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Засега нема нарушувања во однос на училишната кошничка, Инспекторатот е на терен

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски запрашан од страна на ноивинарите во однос на училишната кошничка денеска истакна дека дека…

August 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Доаѓа нов бран на обилни дождови, снег и снежна покривка ќе има на планините

Под влијание на циклонска активност од Џенова но и продор на поладен воздух од север овој викенд ни следува поголемо…

November 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Рокас: Има голем интерес и благонаклонетост кон Македонија да се отвори поглавјето за преговорите

Сите политички партии треба постојано да придонесуваат за јакнење на улогата на Собранието како форум за конструктивен и инклузивен политички…

January 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?