По повод Денот на независноста на Македонија денеска многумина излегоа со свои честитки. Необична честитка имаше и инфлуенсерката Ина Многуфина.
Ина Многуфина во Фејсбук објава сподели фотографија со цитат од „Пиреј“ на Петре М. Андреевски кој гласи „…не знам кај беше ова и не знам кога беше, јас мислев во цвеќе ќе ја најдеме Македонија, а таа во казан клаена и сите ѓаволи играат околу неа, ќе ја посееш жито, а кукавици ќе ти никнат.“.
Во натписот врз фотографијата со овој цитат Ина напиша: „34 години ќе беа доволни за да направиме држава со систем и со здрави темели. Наместо тоа, кој дојде си ја шуткаше ко туѓа да е. Денес, после 34, младите не викаат дека се селат туку викаат дека се евакуираат. Македонијо, среќен роденден и извини“, напиша таа.