Индија го нападна Пакистан (ВИДЕО)

- Advertisement -

Индија започна воена операција против Пакистан под името „Операција Синдор“, при што се нападнати девет цели на територијата на Пакистан и во окупираниот Кашмир, соопшти индиската влада во средата.

Според извештаите од терен, во пограничните региони се слушаат силни експлозии, а евидентирано е и интензивно гранатирање. Индиските власти нагласуваат дека ниту еден објект на пакистанската армија не бил цел на нападот.

Пакистанската војска одговори со осуда на нападот, нарекувајќи го „срамен и кукавички чин“, извршен од индискиот воздушен простор. Портпаролот на армијата на Пакистан изјави дека сите воени авиони на земјата се во воздух и најави одговор „во време и на место по наш избор“.

Сподели ја оваа статија