Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Италијанскиот амбасадор: Нема гаранција дека Бугарија нема да ја блокира Македонија во преговорите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Италијанскиот амбасадор: Нема гаранција дека Бугарија нема да ја блокира Македонија во преговорите
МАКЕДОНИЈА

Италијанскиот амбасадор: Нема гаранција дека Бугарија нема да ја блокира Македонија во преговорите

Објавено March 21, 2026 19:48
Сподели
Сподели

Нема правна или политичка гаранција што може да и се даде на македонската влада дека нема да има нови блокади од Софија, вели во интервју за ТВ240 италијанскиот амбасадор во земјава, Паоло Палминтери.

„Не постои правна или политичка гаранција која може да се даде бидејќи процесот на проширување е со кластери, поглавја и мерила за овие поглавја. Тоа е многу комплицирано и секој чекор бара едногласност од европската страна, што значи дека секоја гаранција до одреден степен ќе има мала вредност. Најдобра гаранција би била поинаква клима на доверба меѓу Северна Македонија и нејзиниот сосед“,вели Палминтери.

Зборувајќи за иксуството на Италија, амбасадорот смета дека уставните измени и Копенхашките критериуми и понатаму ќе бидат важен сегмент од пристапниот процес, но вели, откако сите влегуваат во истото семејство, политичките прашања кои изгледаат важни, понатаму ја гуват релевантноста.

„Уставните измени беа посочени како последен услов за отворање на преговорите. Потоа, добрите односи со соседите се еден од Копенхашките критериуми па тоа мора да остане во текот на целиот процес. Морам да ви кажам, уверен сум имајќи го искуството од преговорите на Хрватска, а претходно и со Словенија…како соседни земји, Италија имаше отворени прашања со овие земји. Но откако станаа полноправни членки на ЕУ и се придруживме во истото семејство, овие билатерални прашања кои изгледаа толку важни, целосно ја изгубија политичката релевантност“,изјави амбасадорот на Италија во земјава во интервју за ТВ24.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина Драги Гроздановски, порашен пратеник на ВМРО ДПМНЕ од Битола
Следна Статија Пет милиони евра исчезнале од ФФМ во последниот месец на Сејдини, имало и 30.000 „фиктивни“ фудбалери

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Уставните измени не се ризик, блокадата на европскиот пат е ризик

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостување на Ора24.тв порача дека патот на државата кон Европската Унија е јасен, но…

April 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Пораки за македонскиот јазик ќе праќаат и по мене и по нас, оти додека нè има, ќе го има и него: јазикот наш насушен

Денеска, на 5 Мај, праќаме важни пораки за македонскиот јазик до сите Македонци, каде и да се, до познавачите и…

May 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за „Безбеден град“: Ќе го издржиме политичкиот удар, само да спасиме човечки животи

Премиерот Христијан Мицкоски ја поддржува примената на „Безбеден град“ и поддржува проширување на проектот на целата територија на земјата. -Некои…

December 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес утрово со епицентар во Валандово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот…

June 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?