Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: И Филипче дел од рекет шемата, ексклузивна фотографија од домот на Боки 13
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > И Филипче дел од рекет шемата, ексклузивна фотографија од домот на Боки 13
МАКЕДОНИЈА

И Филипче дел од рекет шемата, ексклузивна фотографија од домот на Боки 13

Објавено October 16, 2025 10:30
Сподели
Сподели

Бојан Јовановски познат како Боки 13, го објави долгонајавуваниот документарен филм „Рекет“, во кој објави фотографија од лидерот на СДСМ, Венко Филипче во неговиот дом, за кого вели дека бил чест гостин.

Јовановски го нарекува Филипче најпослушен министер на Зоран Заев кој бил поставен од Радмила Шеќеринска, но кога насетил моќ и пари се приклучил кон клонот на Заеви.

„Тука е и неговиот наставник Филипче. Филипче беше во мојот дом, кој да не кажам секој ден, беше чест гостин. Ова се фотографии од кај мене. Најпослушниот министер на Зоран Заев кој беше поставен од Радмила Шеќеринска. Но, потоа Венко Филипче некако се дистанцираше од Шеќеринска и се приклони кон клонот Заеви, бидејќи таму насети моќ, пари а Венко е љубител на пари“, вели Боки 13 во филмот.

Тој наведува дека Филипче не потпишувал ниту еден документ без да придобие средства.

„Венко не потпишувал никаков акт без да земе пари, ништо како министер за здравство не правел за беспари, што со знаење на Заев што без знаење, што си се криеле еден меѓу друг, здравството е уништено од Венко Филипче“, вели Боки 13.

Тој зборува и за снимените разговори кои ги поседувал Зоран Заев и со кои, како што вели, тргувал.

„Зоран Заев ги имаше сите снимени разговори коишто ги предаде во СЈО во копија. Селектирано предаде 600 и кусур илјади разговори, бидејќи имаше околу 2 милиони разговори. И со истите тие снимени разговори тргуваше до последниот ден, дали ќе биде тоа закон во прашање, промена на име. Катица Јанева токму за тие снимени разговори имаше предистрага и тогаш беше донесена наредба за истрага која водеше до Зоран Заев“, вели Боки 13.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кандидат на СДСМ со три кривични пријави повторно во „битка“ за Чешиново-Облешево
Следна Статија Масовен напад врз Украина, одекнуваат експлозии

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Навремено достапни учебници, над 1.000 образовни асистенти, 36 капитални инвестиции

Негрижата за образованието што постоеше до јуни ја заменивме со 100-процентна посветеност и во стоте дена отпочнавме крупни промени за…

October 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

Викендов на граничниот премин Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани

Почнаа да се враќаат македонските државјани кои се на привремена работа во странство за празниците. Податоците на МВР покажуваат дека…

December 23, 2025

Тошковски: „Безбеден град“ директно придонесе да се намали бројот на повредени лица, наскоро информација и за казните

Сакам уште еднаш да ја искористам оваа прилика да им се заблагодарам на македонските граѓани, затоа што со смирувањето на…

December 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ангелов: Бројот на пожари висок, но досега успешно се справуваме, третиот „ер трактор“ во фукција на почетокот на август

Во справувањето на пожарите од воздух на располагање се ставени двата „ер трактора“ на Дирекцијата за заштита и спасување и…

July 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?