Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кавадарчанец осуден на една година затвор за напад врз полициски службеник
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кавадарчанец осуден на една година затвор за напад врз полициски службеник
ХРОНИКА

Кавадарчанец осуден на една година затвор за напад врз полициски службеник

Објавено December 27, 2025 16:29
Сподели
Сподели

Четириесет и шестгодишен кавадарчанец е осуден на една година затвор затоа што со автомобил удрил во полициски службеник кој сакал да го легитимира.

На 21 декември по полноќ, со возило „фолксваген“ обвинетиот не запрел на даден знак од полициските службеници, а кога на една од крстосниците во градот бил опколен од две полициски возила за да го запрат, сакал да прегази полициски службеник. Полицаецот излегол од службениот автомобил за да го легитимира и во тој момент осомничениот се залетал кон него со возилото со голема брзина, го удрил во стомакот и левата нога, а потоа удрил и во полициската кола, по што продолжил да вози. Полицаецот од ударот се здобил со неколку телесни повреди.

Осомничениот бил приведен на 25 декември и следниот ден бил изведен пред судија каде го признал делото. Судот во Кавадарци изрече пресуда со која го огласи за виновен и го осуди на казна затвор од една година, а до правосилност на пресудата одлучи обвинетиот да биде обезбеден со мерка притвор поради опасност од бегство и можноста да го повтори делото.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДУИ се жали: Стоилковиќ се однесува нехумано кон 76 вработени – сите Албанци
Следна Статија Во 21 век во Лерин Македонците можат да свират, но не и да пеат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Се гони и таткото на возачот кој ја усмрти Фросина: му го давал возилото, а знаел дека нема возачка дозвола

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 50-годишен скопјанец за кривично дело – Предизвикување општа опасност…

April 3, 2025
ХРОНИКА

Пијан тетовец ја тепал сопругата

На 31.01.2026 во 14:35 часот во Тетово, полициски службеници од ПС Тетово го приведоа Г.Ј. (51) од Тетово, постапувајќи по…

February 1, 2026
ХРОНИКА

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

Кривичниот суд го одобри обвинителниот акт против Б.Н. во предметот „Адитив“, отфрлајќи ги приговорите на одбраната. Истовремено, поднесен е обвинителен…

August 20, 2025
ХРОНИКА

Малолетник тешко повреден, го удрил автомобил на „Туристичка“

На 30.07.2025 во 21.05 часот во СВР Охрид било пријавено дека на бул.„Туристичка“ во Охрид, патничко возило „даихатсу“ со скопски…

July 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?