Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кадар на ДУИ е именуван за заменик директор на Агенцијата за национална безбедност, објави Левица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Кадар на ДУИ е именуван за заменик директор на Агенцијата за национална безбедност, објави Левица
ПОЛИТИКА

Кадар на ДУИ е именуван за заменик директор на Агенцијата за национална безбедност, објави Левица

Објавено June 22, 2025 09:22
Сподели
Сподели

Владата на ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ го именувала Бесник Ферати на позицијата заменик-директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Бесник Ферати како кадар на ДУИ беше заменик и на претходниот директор Еролд Муслиу кој го следа бројни скандали, а за кои ревносно реагираа токму и од сега владејачката ДПМНЕ, соопшти политичката партија Левица.

„Иако Законот јасно наведува дека директорот и неговиот заменик, како и вработените во АНБ не смеат да бидат членови на политички партии – Ферати е познат како кадар на ДУИ и според информациите, близок со Артан Груби и Али Ахмети. Дополнително, за Ферати постојат и информации кои велат дека е поврзан со разни кланови и ‘бзнисмени’ со сериозен криминал.

Пред само две години од претходниот и актуелен заменик-директор на АНБ, Бесник Ферати, излезе снимка каде тој заедно со ексминистерот Крешник Бектеши мавтаат со албанско знаме за што беа крајно изреволтирани членовите на ДПМНЕ и се надеваа, апелираа до нивниот лидер кога ќе дојде на власт да ја расформира тогашната структура на АНБ. Сепак, евидентно, тоа не се случи, а наместо реформирање, денешната власт ги продолжува истите практики и ги рехабилитира контроверзните кадри на претходната владејачка коалиција СДСМ–ДУИ“, велат од Левица.

Се додава дека нејасно е и дали, а доколку да – како Бесник Ферати го поминал полиграфското тестирање за проверка на професионалниот интегритет, за кое се најавуваше дека од февруари годинава конечно ќе профункционира.

Според Левица, може да се заклучи дека АНБ е еклатантен приемр на „како досега” владеењето.

„На чело имаме директор од владејачката партија со крајно спорни дипломи, а негов заменик е кадар на ДУИ“, се додава во партиското соопштение.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Детали за американскиот напад на Иран: Користеле и подморници, контактирале со Иранците со порака
Следна Статија Шефот на ОН: Американскиот напад може да доведе до катастрофални последици

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Коалицијата „Вреди“ денеска се обединува во еден политички субјект

Политичката коалиција „Вреди“ денеска во Скопје ќе одржи Конгрес за обединување на петте политички субјекти во едно политичко тело. Процесот…

May 9, 2026
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Ќе ја обединам цела механизација на градот, за 72 часа Скопје ќе биде исчистен

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, синоќа гостуваше во емисијата Трилинг на телевизија 24.…

October 25, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) СДСМ обвинува: Со сомнителен тендер од 4 милиони евра ќе се шијат униформи во МВР, едната од фирмите регистрирана 20 дена пред тендерот

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија обвини дека во Министрството за внатрешни работи бил распишан сомнителен тендер во вредност од речиси 4…

May 25, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски да каже како неговото семејство се стекнало со градежни парцели во Жданец и луксузна хациенда во Грција?

Стевчо Јакимовски, кој постојано зборува за јавниот интерес, треба конечно да објасни како парцели што според деталниот урбанистички план биле…

October 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?