Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Каде брзаш? Не брзај за да стигнеш!“ – ОКТА, МВР И РСБСП со заедничка кампања за поголема безбедност во сообраќајот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Каде брзаш? Не брзај за да стигнеш!“ – ОКТА, МВР И РСБСП со заедничка кампања за поголема безбедност во сообраќајот
МАКЕДОНИЈА

„Каде брзаш? Не брзај за да стигнеш!“ – ОКТА, МВР И РСБСП со заедничка кампања за поголема безбедност во сообраќајот

Објавено June 2, 2025 18:32
Сподели
Сподели

Под мотото „Каде брзаш? Не брзај за да стигнеш!“ стартува кампањата за безбедност во сообраќајот на ОКТА, Министерството за внатрешни работи (МВР) и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП). Целта на кампањата е подигнување на свеста во јавноста за важноста на поголемото внимание на сите учесници во сообраќајот. Во рамките на кампањата ќе бидат преземени низа активности кои на иновативен начин ќе информираат, едуцираат и ќе алармираат за поголема одговорност во сообраќајот.


„Безбедноста во сообраќајот е еден од приоритетите во стратегијата за општествена одговорност на ОКТА. Многу внимателно и посветено пристапуваме кон активностите и кампањите кои што имаат за цел да ја подигнат јавната свест за тоа колку е важно да се биде одговорен учесник во сообраќајот. И тоа не го правиме само преку донации, туку и преку едукативни работилници и кампањи во кои што се вклучени релевантни партнери од општеството во кое работиме. Едукацијата и превенцијата се вистинскиот начин за подобрување на сообраќајната култура и намалување на негативната статистика од патиштата во државата“, изјави главниот извршен директор на ОКТА Димитриос Пасхос.

Кампањата „Каде брзаш? Не брзај за да стигнеш!“ е фокусирана на предупредување на јавноста за опасноста од неодговорно однесување во сообраќајот преку реални животни ситуации, со цел да поттикне промена на навиките и однесувањето на учесниците во сообраќајот.

„Состојбите на терен укажуваат дека покрај редовните контроли на нашите екипи, потребна е соработка и активно вклучување на повеќе чинители во подигнување на свеста кај луѓето. Праксата покажува дека информирањето и едукацијата се многу важни во превенцијата на поголем број на сообраќајни несреќи. Затоа сме уверени дека оваа кампања ќе допринесе кон она што е наша заедничка цел – безбедни улици и патишта за сите учесници во сообраќајот“, истакна Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

Според податоците, најголемиот број на незгоди се случуваат како резултат на невнимание во текот на сообраќајот.

„Брзиот и динамичен начин на живот го зголемува процентот на сообраќајни незгоди, што за нас е дополнителен аларм за интензивирање на активностите во насока на превенција преку едукација за подигнување на јавната свест кај сите учесници во сообраќајот. Веруваме дека и оваа кампања преку иновативни и суштински пораки ќе даде придонес учесниците во сообраќајот да бидат совесни и повеќе да внимаваат“, потенцираше Горан Ангеловски, претседател на Републички совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.

Кампањата „Каде брзаш? Не брзај за да стигнеш!“ ОКТА ја лансира преку платформата „Јас Внимавам“ која што е еден од столбовите на кои што се базира стратегијата за општествена одговорност на компанијата. Во 2017 година оваа платформа беше прогласена за најдобра национална општествено одговорна практика на годишната манифестација организирана од Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија. Платформата беше оценета како најефективна и најсеопфатна во однос на прашањата со кои се занимава. „Јас внимавам„ беше избрана во конкуренција на 15 големи компании со вкупно 24 проекти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Млекопроизводителите се суштината на млечната индустрија
Следна Статија Вучиќ објави дека во Србија се случил обид за „вистински државен удар“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Оддадена почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

Во организација на здружението „Кочо Рацин“ од Белград, Македонците во Србија со положување цвеќе им оддадоа почит денеска во Костолачка…

November 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Таравари: Ако на јавноста не и се допаѓа и има пропусти ќе го поништиме тендерот за паркингот на Клинички центар, 50 денари за час е пристојна цена

Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека договорот со компанијата „Ѓока констракшн“ која преку јавно-приватно партнерство треба да стопанисува со…

March 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Првиот квартал повеќето судови биле неажурни, констатирал Судскиот совет

Судството во првите три месеци од годинава не било ажурно и биле решени 137.725 предмети, ова беше кажано во образложението…

June 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од денеска помалку метеж на „Табановце“, стартува системот One Stop за интегрирана гранична контрола

На граничниот премин со Србија „Табановце-Прешево“ денеска ќе биде пуштен во употреба системот One Stop за заедничка интегрирана контрола. На…

July 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?