Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Како поместувањето на часовникот влијае врз луѓето?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Како поместувањето на часовникот влијае врз луѓето?
Blog

Како поместувањето на часовникот влијае врз луѓето?

Објавено October 23, 2025 18:10
Сподели
Сподели

Преминот на зимско сметање на времето, што не очекува за викендот, најчесто се доживува како мала административна промена и традиција. Но, зад тој „едeн час“ се крие значаен ефект врз човечкиот организам, а со тоа и врз работната ефикасност и продуктивноста.

Истражувањата покажуваат дека промената на часовникот може да доведе до намален фокус, пократок сон и нарушување на природниот биоритам.

Една анализа објавена во списанието Public Health утврдила дека во неделата по поместувањето на времето кај вработените се забележува пад во работниот ангажман — најмногу поради лошиот квалитет на сонот, особено кај таканаречените „ноќни птици“.

Слични резултати објавиле и истражувачите од Универзитетот во Орегон, кои преку анализата на активностите на повеќе од 170.000 корисници на платформата GitHub забележале пад на продуктивноста што може да трае до две недели по промената.

Иако многумина мислат дека телото се прилагодува за неколку дена, вистинските ефекти можат да траат многу подолго.

Последици за компаниите
За работодавачите, ова не е безначајна промена. Падот на концентрацијата и енергијата значи помала продуктивност, повеќе грешки и потенцијално зголемен број боледувања. Неколку студии укажуваат и на зголемен ризик од сообраќајни несреќи и срцеви удари веднаш по промената на времето.

Како да се ублажат ефектите?
Психолозите и експертите за организациско здравје препорачуваат неколку едноставни мерки:
неколку дена пред промената – постепено прилагодување на сонот,
утринска изложеност на природна светлина,
ограничување на кофеин и дигитални екрани пред спиење,
флексибилно работно време во првите денови по промената за полесна адаптација.

Иако едниот час изгледа занемарливо, неговото влијание врз концентрацијата, здравјето и менталната состојба на вработените може да биде значително.

За компаниите кои се стремат кон висока продуктивност и благосостојба на своите тимови, игнорирањето на овие ефекти може да значи пропуштени можности и непотребни трошоци.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На скопјанец му се губи трага, откако тргнал за Австрија – МВР истражува
Следна Статија Орбан: Нема да гинеме за Украина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Дневен хороскоп за Рак – петок, 31 јануари 2025

💡 Општа енергија на денот: Денес е добар ден за освежување на енергијата како Рак. Отворете се кон радоста, ослободете…

January 31, 2025
Blog

Пропусти на настапот на Лукас: Oбјектот немал лиценца за концерти, пејачот немал регистриран престој во Македонија

Српските медиуми објави за причините за кои пејачот Аца Лукас беше уапсен на настап во Кавадарци. „Курир,рс“ дознава дека максималниот…

November 23, 2025
Blog

Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен

Електричните возила во Норвешка се присутни речиси насекаде. Оваа нордиска земја, позната по своите огромни резерви на нафта и гас…

July 15, 2025
Blog

(ФОТО) Кога новинарот си го издаде ChatGPT

Новинарот кој требаше да извести за сообраќајниот судар на булеварот Јане Сандански, очигледно си „дозволил“ помош од ChatGPT

February 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?