Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кандидатот за градоначалник на Скопје на СДСМ ќе биде познат во април
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Кандидатот за градоначалник на Скопје на СДСМ ќе биде познат во април
ПОЛИТИКА

Кандидатот за градоначалник на Скопје на СДСМ ќе биде познат во април

Објавено March 6, 2025 21:22
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ Венко Филипче вечерва информираше дека до 15 или 20 март ќе биде завршена селекцијата на кандидатите, а веќе во втората половина на април ќе биде познат нивниот кандидат за градоначалник или градоначалничка на Скопје, за претстојните локални избори.

До 15 или 20 март ние ќе ја завршиме селекцијата на кандидатите кои што ќе одат на анкети, поточна на теренска анкета во своите места на живеење. Некаде до средината на април, мислам дека огромен процент од кандидатите веќе ќе бидат познати и тие ќе ги преземат обврските за спроведување на своја сопствена промоција, со поддршка на централната партија. Во однос на имињата, ние се уште немаме донесено одлука. Ова ќе биде временската динамика, која што ќе одговара и за кандидатите за Скопје како за градоначалници, така и за претставници на членови на советничките листи. Во текот на април, односно во втората половина на април, веројатно ќе биде познат нашиот кандидат за градоначалник или градоначалничка на Скопје, рече Филипче вечерва за време на гостувањето на телевизијата Канал 5.

Како што рече, началниот став барем до овој временски период, е дека за секоја Општина ќе прават различна стратегија во делот на коалицирањето.

-Во таа смисла, може да поддржиме и независни кандидати, со кои споделуваме еднакви врендости и политики, во чии што политики веруваме и ние и тие, со цел да обединеме што поголем број на луѓе кои што би гласале за добри и квалитетни кадри, додаде Филипче.

На новинарско прашање дали е можна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ во некои општини за време на претстојните локални избори, Филипче одговори дека немале средби на тоа ниво, но тој е отворен за сите можни коалициски комбинаторики, кои ќе донесат бенефит за граѓаните.

Не сме имале разговори, ниту пак средби на тоа ниво, и покрај тоа што има одредени повици од страна на премиерот, од негови коалициски партнери и има одговор и од наша страна. Сметаме дека постојат ситуации во кои што е потребно да се седне и во Парламентот да се разговара за теми од национален интерес. Ние таква комуникација за соработка на локално ниво до сега не сме имале. Јас сум апсолутно отворен за буквално сите можни коалициски комбинаторики, кои ќе донесат бенефит за граѓаните, рече Филипче.

Прашан дали се отворени вратите за идна соработка со ДУИ, Филипче напомена дека немале понуда и не разговарале на таа тема, но тој е на ставот дека ДУИ со своите националистички реторики повеќе се доближува до ВМРО-ДПМНЕ.

Научената лекција од коалиција со ДУИ е тоа што сметам дека на некој начин ни донесе намалување на бројот на гласовите, поради тоа што настојувавме таа коалиција да ја одржиме што подолго време. Такви беа бројките во Парламентот, без таа коалиција практично Владата не можеше да опстане. Меѓутоа ние водевме дравнички политики, кои што верувавме дека треба да се имплементираат и да носат добро за државата, меѓутоа наштетија на партијата. Сметам дека треба да се носат одлуки за коалиција врз основа на вредносни политики, рече Филипче.

Тој додаде дека како партија се водатипо принципите на вредносни политики и взаемна почит меѓу коалициските партнери.

Моето мислење е дека во последниот период ДУИ повеќе се доближува до ВМРО-ДПМНЕ, со тие националистички реторики кои што ги иницираат во општеството. Сметам дека сакаат да креираат криза за некои прашања, со цел да привлечат дополнително внимание. Впрочем, не знам како да се објасни бегството на Артан Груби, како го пропуштила полицијата, дали тука постои некоја соработка или не, ќе видиме, додаде Филипче.

Инаку, на 16 март следната недела ќе се одржат нови внатрепартиски избори во СДСМ. Филипче, кој што е единствениот кандидат, потенцираше дека имаат отворен систем и единствен пристап на гласање во земјава, на кој целото членство гласа за партиски претседател.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Kaде се наоѓало „кангуто“ на Палчо ноќта пред да биде убиен Панче Жежовски
Следна Статија Трамп ги паузираше царините за Канада

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Неточни се наводите за работата на Министерството за животна средина: Владата ги отфрла шпекулациите

Владата ги провери и затоа ги отфрла шпекулациите и неточните наводи изнесени од СДСМ и ДУИ во врска со работата…

February 25, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ утре избира претседател, Филипче единствен кандидат

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) утре избира нов партиски претседател. Актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, е единствен кандидат за…

April 5, 2025
ПОЛИТИКА

Саракинов: Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Филипче и Заев, од Карпош направи бетонска џунгла, за профит на инвеститори ја продаде општината

Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Филипче и Заев, од Карпош направи бетонска џунгла, за профит на инвеститори ја продаде општината,…

October 10, 2025
ПОЛИТИКА

Се огласи Груби: Чист сум како солза, но се повлекувам од политиката и јавниот живот

Поранешниот прв вицепремиер на Владата, Артан Груби, објави дека се повлекува од јавниот живот, соопштувајќи ја својата одлука како личен…

December 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?