Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Каранфилова-Пановска: Погрешните политики на власта го засилуваат иселувањето на младите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Каранфилова-Пановска: Погрешните политики на власта го засилуваат иселувањето на младите
ПОЛИТИКА

Каранфилова-Пановска: Погрешните политики на власта го засилуваат иселувањето на младите

Објавено August 17, 2025 18:42
Сподели
Сподели

Заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, на обраќањето пред младите социјалдемократи на традиционалниот младински камп „Трајче Нешковски“ во Охрид остро ја критикуваше власта на ВМРО-ДПМНЕ за погрешните политики и уништувањето на перспективата на младите, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

„Партизацијата на институциите е груба и на секое ниво. Стручни и квалитетни млади кандидати се отфрлаат, местата се полнат со партиски кадри. Младите немаат шанса дома да ја градат својата иднина, ВМРО-ДПМНЕ ја уништува последната надеж кај младите дека можат да се вработат според знаење и квалификации,“ рече таа.

Таа укажа и на алармантните податоци за намалување на бројот на вработени лица за над 17.000 луѓе од 2024 година наваму:

„Ова не се само алармантни бројки. Тоа е вистината зад илјадници човечки судбини, за нашите млади кои заминуваат, за уништени надежи за иднина во сопствената земја,“ рече заменик-претседателката на СДСМ.

Каранфилова Пановска потсети дека помина повеќе од една година откако ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта а ниту едно од ветувањата за младите не се исполнети.

„Младите се заборавени и маргинализирани. Европската перспектива на земјата е целосно блокирана, иднината неизвесна. Погрешните политики на власта допринесуваат иселувањето на младите да се засилува“ нагласи Каранфилова-Пановска.

Заменик претседателката истакна дека СДСМ е партијата која секогаш стои на страната на младите.

„СДСМ верува во вас, во вашата енергија, знаење и идеи. Ние сме тука да ви отвориме врати во партијата, да ве слушаме и да ви овозможиме да бидете двигатели на промените во општеството,“ порача таа.

„Македонија мора да биде земја во која успехот зависи од способноста и знаењето, а не волјата на власта. Заедно ќе се бориме за оваа цел “ потенцираше Каранфилова-Пановска во своето обраќање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зошто немаше вакви немири во Македонија, прашува Вучиќ во обид да објасни што се случува во Србија
Следна Статија Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Шилегов: Се потврди дека актуелното раководство на СДСМ одработува за ВМРО-ДПМНЕ за да избегне кривичен прогон

Со иницирањето постапка за негово исклучување од СДСМ, ексградоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, вели дека се потврдиле неговите тврдења дека…

March 17, 2026
ПОЛИТИКА

Кузеска до ВМРO-ДПМНЕ: Ако СДСМ прислушувала, зошто се плашите да декласифицирате?

Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да се извади од кашата во која самите се ставија, откако се заиграа со измислени…

September 7, 2025
ПОЛИТИКА

Следи пресвртница за партијата, најави Филипче од Конгресот на СДСМ

СДСМ денеска во Скопје го одржува 30. конгрес на кој ќе се донесе одлука за избор на новиот состав на…

November 24, 2024
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто по скандалот со операцииите нема поднесено кривични пријави?

Се случи еден од најголемите и најшокантни скандали во здравството, откриени се најмалку 10 непотребни операции на срце. Но се…

November 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?