Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кацарска: Уставен суд одлучи да не поведе постапка за Одлуката со која Владата го намали бројот на советници во одредени општини
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Кацарска: Уставен суд одлучи да не поведе постапка за Одлуката со која Владата го намали бројот на советници во одредени општини
МАКЕДОНИЈА

Кацарска: Уставен суд одлучи да не поведе постапка за Одлуката со која Владата го намали бројот на советници во одредени општини

Објавено September 24, 2025 18:47
Сподели
Сподели

Уставниот суд денеска одлучуваше за два предмета поврзани со изборниот процес. Ја оценуваше уставноста и законитоста на Одлуката со која Владата го намали бројот на советници во одредени општини и одлучуваше за уставноста и законитоста на упатство донесено од ДИК, соопшти на денешната прес-конференција претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски.

Како што наведе Добрила Кацарска, која е судија известител за првиот предмет, Уставниот суд со мнозинство гласови одлучи да не не се поведе постапка за Одлуката со која Владата го намали бројот на советници во одредени општини.

– Со оглед дека локалните избори се за неполн месец, овој реферат беше изготвен во многу кратко време зошто не знаевме всушност каква ќе биде одлуката да не има некои последици околу одржување на изборите. Неколку аспекти се битни за донесената одлука. Најанпред околу надчежнноста на Владата, дали Владата има надлежност да донесе ваква одлука. Апсолутно Владата е единствениот орган кој може да ја донесе оваа одлука, а надлежноста ја црпи од Уставот, член 91, алинеја 1, бидејќи таа е надлежна за извршување на законите. Воедно надлежноста произлегува и од член 63, став 3 од Законот за Влада на Република Северна Македонија. Околу извршувањето на законите, нема кој друг да е надлежен, освен самата Влада, рече Кацарска.

Таа информира дека член 34 од Законот за локална самоуправа е многу јасен, таму се зборува за број на советници. Бројот на советници во општините не може да биде помал од 9, ниту поголем од 33.

– Во овој член точно е даден распонот на жители, од кој зависи уи бројот на советници. Ако се земе предвид целокупниот Закон за локална самоуправа, ќе се уврди дека во целиот закон се употребува терминот жители. Зборуавме за локални избори, а не за парламентарни или за избор на претседател на Северна Македонија. Заради оперцаионализација на оваа одредба, 34 од Законот за локална самоуправа, Владата врз основа на член 36, став 3 ја носи оваа одлука за бројот на советниците, објасни Кацарска.

Законот, како што рече, зборува само за жители. Според член 6 од Законот за локална самоуправа жители на општината се само оние кои лица кои имаат постојано живеалиште во таа општина.

– Не залудно и Изборниот законик прави разлика меѓу избор на претседател на републиката и пратеници од една страна, а од друга страна советници и градоначалници. Членот 7, точка 4 точно зборува дека советник во општина или градоначалник може да биде избран само оној кој е жител во општината зошто токму овие органи одлучуваат за секојдневниот живот на граѓаните во матичната општина, појасни Кацараска.

Таа се осврнува на навод од иницијативите каде се зборува за, како што рече, наводна дискриминација, поточно дека само во неколку општини каде мнозинството население се помалите етнички заедници. – Но, тоа не е точно затоа што во поголем број општини се намалува бројот на советници. Такви се на пример Кратово, Куманово, Крива Паланка, Пехчево, Струга, Јегуновце, Ново Село, Центар Жупа, а од друга страна има зголемување на бројот на советниците во општините: Студеничани, Карпош и Кисела Вода, рече Кацарска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Суспензија за стадионот во Чаир, а Шкупи предаден на дисциплинска
Следна Статија Пукање во Далас: Снајперист застрела тројца, па се самоуби

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Ќе посредуваме меѓу Карпош, Струмица и централната власт

ЗЕЛС не е тој што предизвикува кризи, ЗЕЛС ги надминува кризите, изјави претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски после средбата со…

October 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Поништен тендерот за јакни и редовни униформи на МВР

Поништен е тендерот за нови униформи за полицијата, објави „360 степени“. Причината според медиумот е тоа што компанијата чија понуда…

February 9, 2026
МАКЕДОНИЈА

На граничните премини кон Грција и Србија и денеска има гужва

На граничните премини кон Грција и Србија и денеска има гужва. На Табановце кон Србија за влез и излез од…

April 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мирен собир во Паркот на Револуцијата во Кочани

Шест дена по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, граѓаните на Кочани денеска во 15 часот во Паркот на Револуцијата организираа…

March 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?