Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Клековски: Над 14.000 хируршки интервенции за тумори, но слаб одзив за специјализации по патологија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Клековски: Над 14.000 хируршки интервенции за тумори, но слаб одзив за специјализации по патологија
ЗДРАВЈЕ

Клековски: Над 14.000 хируршки интервенции за тумори, но слаб одзив за специјализации по патологија

Објавено February 4, 2026 14:49
Сподели
Сподели

Во текот на 2025 година се направени околу 14.000 хируршки интервенции за бенигни и малигни тумори, од кои околу 8.000 се за ин-ситу или суспектен рак, истакна денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски. На прес-конференцијата по повод Светскиот ден за борба против ракот – 4 Февруари, Клековски презентираше податоци за раното откривање, хируршките интервенции и новините во дијагностиката и терапијата.

Директорот на ФЗО посочи дека минатата година фокусот бил ставен на засилување на раното откривање преку набавка на опрема и зголемување на бројот на прегледи.

–Комплетни интервенции, прегледи за дојка, вклучувајќи мамографија, ултразвук, магнетна резонанца, биопсија, се направени над 13.000 во 2025 година. Ендоскопии, вклучувајќи ректоскопија, гастроскопија, колоноскопија, се направени околу 18.000 вкупно, со тоа што можам да кажам дека не сме задоволни од бројот на направени колоноскопии, земајќи предвид дека сите граѓани над 50 години треба да направат една превентивна колоноскопија и ги охрабрувам сите возрасни да го направат тоа, рече Клековски.

Според податоците од ФЗО, во 2025 година биле реализирани вкупно 17.581 ендоскопски прегледи, од кои 7.096 колоноскопии и 9.807 гастроскопии. Во делот на дијагностиката на дојка, реализирани се вкупно 13.042 услуги, при што доминираат мамографиите со 7.076 прегледи.

Клековски нагласи дека значаен напредок е постигнат во патологијата и молекуларната дијагностика, со зголемување на буџетите за Институтот за патологија и Македонската академија за науки и уметности (МАНУ), како и вклучување на Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во мрежата. И покрај новите вработувања и доделените четири специјализации, директорот на ФЗО предупреди на сериозен дефицит на кадар во внатрешноста.

-Добрата вест е дека има нови вработувања и на Клиниката за радиотерапија и онкологија, на Институтот за патологија, вкупно четири нови специјализанти. Лошата вест е дека на два обновени огласи за патологија, пет места мислам вкупно, не се има јавено ниту еден кандидат, истакна Клековски.

И покрај кадровските ограничувања, во земјава се направени над 20.000 хистопатолошки анализи и околу 2.000 молекуларни и генетски истражувања. Како новина се воведува „рефлексно тестирање“, кое треба значително да го скрати времето за дијагностика.

-Работиме понатаму во Институтот за патологија, кој е главниот обезбедувач на овие услуги во земјата, да го скратиме времето на тестирање од кога молекуларно ќе се потврди дека е рак, до генетската анализа, со таканареченото рефлексно тестирање, да самиот патолог може да донесе одлука и според директориумите за истражување без нови упати, појасни директорот на Фондот.

Во однос на Онкологија, Клековски информираше дека буџетот за лекови во 2025 година бил зголемен за 70 отсто во споредба со претходната година, со цел да се обезбеди континуитет на терапијата. Тој најави и потреба од итно обновување на официјалните водичи за лекување, кои датираат од 2008 година.

-Зборуваме за третман на пациенти кои се речиси со метастази, ние мораме да имаме проценка за ефикасноста на оваа терапија. Оваа терапија е исклучително скапа и доколку нема ефект, не би требало да се продолжува за да ги имаме за ситуации кога треба да има ефект. И тука важна алка е ПЕТ центарот, рече Клековски, додавајќи дека во 2025 година се направени над 2.007 ПЕТ снимки, а целта е да се достигне бројка од 5.000 до 6.000 годишно.

Во хируршкиот дел, статистиката покажува дека во 2025 година се извршени вкупно 13.993 операции на тумори по органски системи, како и 7.907 операции на ин-ситу и сомнителни неоплазми.

-Oва е значителен број што нашите хирурзи во Македонија успеаја да го постигнат и треба да им дадеме признание, вели Клековски.

Прашан за листите на чекање и достапноста на иновативни терапии, Клековски дециден дека мора да постојат јасни критериуми кои ќе важат подеднакво за сите.

-Не смее да имаме поповластени, многу повластени или привилегирани граѓани, подвлече директорот на ФЗО.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кина забранува скриени кваки на автомобилски врати поради безбедносни причини
Следна Статија Убиен синот на Моaмер Гадафи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Скопјани се жалат на загаден воздух, медицински лица велат дека заштитни маски НЕ се решение

Скопје деновиве повторно е на листите на најзагадени градови во светот. Воздухот е загаден и во други градови, а граѓаните…

November 11, 2024

Вештачката интелигенција создава лажни лица, но 5 минути обука може да ви помогнат да ги препознаете

Генераторите на слики со вештачка интелигенција станаа забележително вешти, способни да создаваат лица кои се сметаат за попореални од реалните.

January 10, 2026
ЗДРАВЈЕ

Надлежните очекуваат раст на заболени од грип, пикот се очекува кон средината на февруари

Надлежните очекуваат раст на заболени од грип, а пикот се очекува кон средината на февруари. Почетокот на второто полугодие за…

January 20, 2025
ЗДРАВЈЕ

Луѓето кои никогаш не се дебелеат го практикуваат овој генијален трик за појадок

Точно е дека метаболизмот игра голема улога, но ништо без навиките до кои се придржуваат. Личните тренери велат дека постои…

March 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?