На македонската политичка сцена ќе се роди нови субјект. Лидерот на демократското движење, Изет Меџити потврди дека од наредната недела почнува трансформацијата на коалицијата „Вреди“, којашто ќе прерасне во една партија.
Тој, во интервју за „Телеграфи Македонија“ објасни дека новата партија ќе има заеднички штаб, заеднички кандидати и листи за советници, како и заедничка програма на претстојните локални избори. Меџити рече дека имињата на кандидатите за градоначалници на претстојните локални избори сè уште не се дефинирани.
Откако коалицијата порача дека Таравари се самоискучил од „Вреди“ поради комуникацијата со Ахмети, лидерот на ДУИ, Ахмети со кого Таравари телефонски разговарал, рече дека причината за напуштањето на коалицијата е понижувачката позиција на Албанците во власта.