Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Компании во Грција издавале фиктивни фактури во вредност од 720 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Компании во Грција издавале фиктивни фактури во вредност од 720 милиони евра
БАЛКАН

Компании во Грција издавале фиктивни фактури во вредност од 720 милиони евра

Објавено February 4, 2026 19:08
Сподели
Сподели

Инспекторите на Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) во текот на 2025 година откриле 147 компании кои учествувале во организирани мрежи за фиктивни трансакции со вкупна вредност од 718.128.098,16 евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од ААДЕ, со фиктивните фактури, конкретните компании не платиле ДДВ во вкупен износ од 143,5 милиони евра.

Фиктивните фактури биле регистрирани во повеќе сектори, меѓу кои градежништвото, трговијата на големо со храна и земјоделски производи, со облека и обувки, со фармацевтски производи, со метали, со телекомуникациска и ИТ-опрема, малопродажбата на мобилни телефони, компјутери и аудио-видео опрема, како и услугите за трговско посредување и деловна поддршка.

Според податоците, најголем обем на нерегуларности е утврден во градежниот сектор и во услугите за трговско посредување, каде износите на неплатен ДДВ се движат во десетици милиони евра.

Најголем број фактури, вкупно 20.058 со вредност од 214,5 милиони евра издале 37 компании од градежниот сектор, кои не уплатиле ДДВ во вкупен износ од 50,2 милиони евра.

Нешто помалку од 9.800 фактури со вкупна вредност од 97,7 милиони евра, биле издадени од 26 компании од секторот за деловна поддршка и општи услуги, при што не бил уплатен данок на додадена вредност од речиси 20 милиони евра.

Над 7.000 фактури во вредност од 81,9 милиони евра и избегнато ДДВ од 11,7 милиони евра, издале 14 компании од секторот за трговија на големо со храна и земјоделски производи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ССМ бара 80 отсто пониски функционерски плати
Следна Статија Нема одложување на европскиот систем ЕЕС, целосна примена од 10 април

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Бугарија доби нова редовна политичка Влада, предводена од Росен Жељазков

Народното собрание на Бугарија денеска ја избра новата Влада што ќе предводи премиерот Росен Жељазков. „За“ гласаа 125 пратеници, „против“…

January 16, 2025
БАЛКАН

Босанското „Ливањско сирење“ доби заштитено географско потекло

Европската комисија донесе одлука со која босанското „Ливањско сирење“ е вклучено во Регистарот на ЕУ на производи со заштитено географско…

December 14, 2024
СПОРТ

Турција ги понижи Грците и ќе игра во финалето на Евробаскет

Кошаркарската репрезентација на Турција супериорно избори место во финалето на Евробаскетот. Во второто полуфинале, Турција ја декласира Грција со 94:68…

September 13, 2025
БАЛКАН

Папата Лав Четиринаесетти ја посети Сината џамија во Истанбул

Папата Лав Четиринаесетти денеска го почна вториот ден од престојот во Турција со посета на Сината џамија во Истанбул. Ватикан…

November 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?