Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Компании сами себе си плаќале кирии и вртеле пари – за сите кривични пријави
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Компании сами себе си плаќале кирии и вртеле пари – за сите кривични пријави
ЕКОНОМИЈА

Компании сами себе си плаќале кирии и вртеле пари – за сите кривични пријави

Објавено August 23, 2025 09:33
Сподели
Сподели

Дури девет нови компании ќе заработат кривични пријави, под сомнеж за испраќање лажни фактури – една во сметководство, друга во ревизија, трета во Фондот за иновации и технолошки развој, дознава Фактор. Дел од овие фирми, според нашите информации, меѓусебно си наплаќале кирии, користеле исти софтвери и исти алатки, а предметите веќе се подготвени за пријава. Има и компании кои зеле државни пари преку ФИТР, а кои се под ревизија.

Овие наводи го означија и крајот на Фондот за иновации, чии надлежности од вчера се под капата на новоформираната Агенција за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво.

Последниот директор на Фондот, Никола Додов, лани обвини дека буџетот на ФИТР бил оштетен за 3,2 милиони денари од компании кои добивале грантови за фиктивни, но и неуспешни проекти, а предмет на истрага биле 60 компании. Сега, во изјава за Фактор вели дека веќе почнале да се наплаќаат парите преку извршители, но има проблем со дел од фирмите, кои во меѓувреме биле затворени.

  • „Голем дел се на извршител и се наплаќаат сумите и си ги префрла на државен буџет. Има и затворени фирми, предадени се на Финансова и на Организиран криминал на МВР. До оние кои имаат активна обврска, но ги избегнале обврските за исплата на оперативна добивка и ројалти кон Фондот, а се под договор, доставена им е опомена пред тужба“, рече Додов за Фактор.

Надворешниот Комитет кој одлучува за договорите пак, деновиве донел нова одлука – раскинати се уште 17 договори, а од нив 13 веќе се дадени на извршител. За останатите четири имало жалби кои мора повторно да поминат пред Комитетот.

Додов пред примопредавањето на функцијата на директорката на новоформираната ИНОВА, Даниела Димовска, преку социјалните мрежи обвини дека институцијата како таква не постои затоа што ја изгубила суштината, поради злоупотреби и клиентелизам.

Повеќе на Фактор.мк.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Најубавата статуа на Исус Христос е под вода: снимките се нереални
Следна Статија Петмина загинати, меѓу кои и дете, во автобуска несреќа на автопат кај Нијагарините водопади (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Раст на каматната стапка на депозитите, намалување кај кредитите

Во мај годинава, просечната каматна стапка на вкупните кредити оствари месечно и годишно намалување од 0,05 п.п. и 0,43 п.п.,…

July 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нвидиа им одговара на критичарите со меморандум до аналитичарите

Светскиот лидер во технологијата на вештачка интелигенција ги брани своите вредности и перспективи

November 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Светски гигант од рангот на „Гугл“ и „Фејсбук“ ќе купува струја од Македонија, најави Мицкоски

Можеби некој не успеа да ги донесе „Гугл“ и „Фејсбук“, но многу веројатно еден голем светски бренд ќе купува електрична…

July 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нема договор за минималец од 500 евра

Прашањето за минимална плата од 500 евра и за усогласување на останатите плати било отворено на седницата на Економско-социјалниот совет…

July 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?