Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Костадинов: Барам поддршка за нов мандат за продолжување на развојот и инвестициите во Валандово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Костадинов: Барам поддршка за нов мандат за продолжување на развојот и инвестициите во Валандово
ПОЛИТИКА

Костадинов: Барам поддршка за нов мандат за продолжување на развојот и инвестициите во Валандово

Објавено October 8, 2025 08:36
Сподели
Сподели

Валандово мора да биде на сите. На пензионерите. На земјоделците. На децата. На родителите. Бизнисот овде мора да продолжи да дише. Без притисоци, без закани и без репресии. Институциите мора да бидат функционални. А, парите мора да се враќаат назад кај граѓаните, порача синоќа кандидатот за градоначалник на СДСМ, Перо Костадинов од трибината во Валандово.

Костадинов побара поддршка за нов мандат посочувајќи дека продолжувањето на веќе започнатите процеси е од суштинско значење за развојот на општината. Во своето обраќање тој најави нови програми со конкретна финансиска поддршка за граѓаните која ќе се реализира преку општинскиот буџет .

– 10 милиони денари годишно за поддршка на семејни бизниси, 5 милиони денари за спортски клубови, културно-уметнички друштва и граѓански организации, 2 милиони денари за активности на пензионерите, зголемување на субвенцијата за новороденче од 5.000 на 30.000 денари, е само дел од програмата во новиот мандат, рече Костадинов.

Тој презентираше и план за нови капитални инвестиции во урбаниот развој на Валандово и руралните средини: Градски стадион, голем градски парк, базен и балон сала, нова градска библиотека, нови паркинг места и кружни текови, современ систем за управување со отпад, со селекција во секое домаќинство, инфраструктурен напредок и во сите села и населени места во општината.

– Ова ва не се празни ветувања. Ова е продолжување на мисијата и визијата за Валандово. На Валандово какво што заслужува да биде, додаде Костадинов.

Костадинов се осврна на досегашниот тек на кампањата и односот на политичките опоненти.

– Помина речиси половина од кампањата. Од нашите политички опоненти не видовме и не ни беше понуден ниту еден проект ниту една визија за Валандово. Само лични омаловажувања кон мене. Политичари кои биле на сите можни функции и се бореле за сосема други вредности не можат сега да понудат нова визија за Валандово. Истите кои пред 8 години беа спремни да инсталираат рудник овде и да го иселат цело село Казандол и пола Валандово сега не можат а богами и не личи да ветуваат улици или канализации, рече Костадинов.

– Да продолжиме да го градиме Валандово на сите. Ве повикувам да гласате за бројот 5 за нашата советничка листа и да гласате за вашиот градоначалник. Ова е битка за опстојот на Валандово, рече Костадинов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од шести кат падна лажното обвинение против Хајрулахи: Неговата секретарка призна дека од него нема чуено заканувачки зборови
Следна Статија Кандидат за советник во кома по брутален напад во Виница, напаѓачот со камен му го скршил черепот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

(Видео) „Над 11.000 фирми не исплатиле плати, владата има 900 милиони евра неисплатени обврски“, вели Кузеска

„Над 11.000 фирми не исплатиле плати, причините секако се лошите економски политики на власта. Состојбата во економијата и во стопанството…

August 21, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

ВМРО активираше организирана и координирана операција за уривање на СДСМ одвнатре. Целиот план е осмислен пред две недели, кога власта…

December 28, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ во влада и ДУИ во опозиција со различни ставови за балансерот, а бадентерот е уставна категорија, посочи Лефков

На новинарско прашање – како ги коментирате критиките од опозициските партии на албанците за укинувањето на балансерот, дека тоа било…

October 10, 2024
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Петрушевски: Филипче да одговори дали со народни пари префрлани во Жан Митрев, сакал полесно и поевтино да ја преземе клиниката?

Интегрален текст од прес-конференцијата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски: „Со секој изминат ден, се повеќе излегува на површина вистинското…

January 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?