Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Костовски по обвинението за „Еуростандард банка“: Немав интерес банката да пропадне
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Костовски по обвинението за „Еуростандард банка“: Немав интерес банката да пропадне
ЕКОНОМИЈА

Костовски по обвинението за „Еуростандард банка“: Немав интерес банката да пропадне

Објавено July 12, 2026 12:57
Сподели
Сподели

Бизнисменот Трифун Костовски, кој е меѓу обвинетите во предметот за стечајот на „Еуростандард банка“, преку објава на социјалните мрежи ги отфрли наводите во обвинението, оценувајќи дека не постои логика да биде обвинет за несовесно работење во институција во која, како што вели, вложил сопствен капитал и личен углед.

Костовски е обвинет во својство на поранешен претседател и член на Надзорниот одбор на банката. Во реакцијата наведува дека како еден од акционерите имал директен интерес „Еуростандард банка“ да продолжи со работа, а не да заврши во стечај.

„Бев акционер, човек кој имаше личен, деловен и животен интерес банката да опстои, а не да пропадне. Која логика би ме навела несовесно да управувам со институција во која сум вложил сопствен капитал, труд и години од својот живот“, наведува Костовски.

Тој посочува дека Надзорниот одбор броел пет члена и дека сите одлуки биле носени колективно, со мнозинство гласови. Според него, останува нејасно зошто обвинението ја индивидуализира неговата одговорност ако одлуките биле донесувани како колективен орган.

Во објавата Костовски упатува критики и до обвинителката која го води предметот, тврдејќи дека истрагата трае повеќе од пет години без, како што наведува, да бидат утврдени елементи на организиран криминал или перење пари. Тој оценува дека на крајот бил обвинет за несовесно работење, а не за делата што првично биле предмет на истрагата.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција претходно поднесе обвинение против четири лица во врска со стечајот на „Еуростандард банка“. Тројца се товарат за кривичното дело „предизвикување стечај на банка“, додека за Костовски е поднесен обвинителен предлог за „несовесно работење во службата“. Според обвинителството, со одобрување ризични кредити и непочитување на законските процедури била предизвикана штета поголема од 1,6 милијарди денари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина американскиот сенатор Линдзи Греам, близок сојузник на Трамп
Следна Статија САД извршија нови напади врз Иран

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

ССМ повикува на масовен протест на 1 Мај

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) упати повик за масовност до работниците за учество на овогодишниот првомајски протест, кој ќе…

April 26, 2026
ЕКОНОМИЈА

Речиси 2 милиони патници за само половина година на двата македонски аеродроми

Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид продолжуваат да бележат силен раст на патничкиот сообраќај и во првата…

July 10, 2026
ЕКОНОМИЈА

Словенија бара доктори, негуватели, медицински сестри, градежници, водоинсталатери од Македонија

Словенија бара работници од Македонија за потребите на тамошните компании Се бараат доктори, негуватели, медицински сестри и браќа, возачи, градежни…

December 2, 2024
ЕКОНОМИЈА

За увид во состојбата во „м-КЛИК“ ќе одземаат пари од сметка

НЛБ Банка од 23 јуни годинава го укинува надоместокот за физички лица за приклучок на интернет банкарство со право на…

April 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?