Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: САД извршија нови напади врз Иран
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > САД извршија нови напади врз Иран
СВЕТ

САД извршија нови напади врз Иран

Објавено July 12, 2026 13:37
Сподели
Сподели

Американската војска соопшти дека се погодени 140 ирански воени цели во последните напади врз Иран, по извршени напади врз трговски брод што минувал низ Ормускиот Теснец, за што Вашингтон ја обвини Исламската револуционерна гарда, пренесува Си-ен-ен.

Ова е трета рунда американски напади во рок од една недела, во услови на зголемени тензии меѓу двете земји и по серијата јавни закани упатени од нивните лидери.

Иранските медиуми објавија дека американски напади се извршени врз повеќе јужни провинции, меѓу кои Бушер, Хормозган, Хузестан, Систан и Белуџистан, како и во западната провинција Лорестан.

„Нападите ја намалуваат способноста на Иран да напаѓа цивилни морнари и комерцијални бродови што слободно минуваат низ Теснецот“,велат од Централната команда на вооружените сили на САД (ЦЕНТКОМ).

Новата размена на напади во Персискиот Залив следува откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека привремениот договор во конфликтот со Иран е завршен.

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет порача дека Иран направил лош избор и сега ја плаќа цената, додека претседателот на иранскиот парламент Мохамед Багер Калибаф одговори дека ерата на еднострани договори е завршена.

Иранските државни медиуми, пак, тврдат дека иранските сили возвратиле со напади врз американски воени објекти во Бахреин, Кувајт, Катар и Обединетите Арапски Емирати, а дел од овие земји соопштија дека биле цел на ракетни и беспилотни напади.

Во нападот врз трговскиот брод исчезна еден индиски државјанин, а Катар соопшти дека три лица, меѓу кои и едно дете, се повредени за време на операциите за пресретнување.

Иранската Револуционерна гарда соопшти дека неколку бродови ги игнорирале предупредувањата да го променат курсот и да продолжат по одобрена рута додавајќи дека еден од нив бил запрен по предупредувачки истрел.

Во меѓувреме, Оман изготви прелиминарен предлог за управување со пловните патеки во Ормускиот Теснец, изјавил извор за Си-ен-ен.

Американски претставници претходно посочија дека нуклеарните преговори со Иран не можат да продолжат додека безбедноста на овој стратегиски важен премин не биде обезбедена.

Од ЦЕНТКОМ дополнително информираат дека од почетокот на мај американските сили помогнале во обезбедувањето безбеден транзит на повеќе од 800 комерцијални брода низ Ормускиот Теснец кои транспортирале околу 400 милиони барели сурова нафта.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Костовски по обвинението за „Еуростандард банка“: Немав интерес банката да пропадне
Следна Статија (ВИДЕО) Филипче: Оваа Влада ги уништи оризопроизводителите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Бомба од Втората светска војна пронајдена во река во Берлин, илјадници евакуирани

Илјадници луѓе во центарот на Берлин беа принудени да ги напуштат своите домови синоќа откако во реката Шпре беше пронајдена…

September 19, 2025
СВЕТ

Чудо во Лос Анџелес: Сѐ изгоре до темел, само една вила остана недопрена (ВИДЕО)

Најмалку 11 луѓе ги загубија животите во разорните пожари што со денови беснеат во Лос Анџелес, додека повеќе од 10.000…

January 11, 2025
СВЕТ

Путин потпиша нов Указ за регрутација – во Украина ќе се испратат уште 135.000 Руси

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за регрутирање на руски државјани за воена служба во периодот од октомври до декември…

September 29, 2025
СВЕТ

(ФОТО) Астронаутите заробени на МВС, излегоа на прва заедничка вселенска прошетка

Двајца астронаути на НАСА, Сунита Вилијамс и Бери Буч Вилмор, кои пристигнаа на Меѓународната вселенска станица за да останат 8…

January 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?