Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Коцевски: Доказите за пожарот упатуваат на кривично дело – тешки дела против општата безбедност, казната е затвор до 20 години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Коцевски: Доказите за пожарот упатуваат на кривично дело – тешки дела против општата безбедност, казната е затвор до 20 години
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Доказите за пожарот упатуваат на кривично дело – тешки дела против општата безбедност, казната е затвор до 20 години

Објавено March 21, 2025 08:32
Сподели
Сподели

Според јавниот обвинител Љупчо Коцевски, сите докази за дискотеката „Пулс“ упатуваат на кривично дело – тешки дела против општата безбедност, за што е предвидена казна затвор до 20 години.

-Доказите кои секој ден ги собираме укажуваат на тоа дека коренот всушност е една општа ерозија на системот, култура на непочитување на законот и правилата, но и длабока системска корупција. Обвинителството, за жал, не е орган на превенција, туку на репресија. Дали и како може да се спречеше ваков епилог? Би рекол, можеби. Но, сега е на нас да се соочиме со последиците, да ги казниме одговорните за оваа катастрофа и да спречиме да се повтори ваква трагедија, вели Коцевски, во вчерашното интервју за белградска „Политика“.

Како што укажува, заедничко за трагичните настани со кои се соочивме изминатите години е тоа што покрај директната причина за катастрофата, често постои и дополнителен причинител во вид на непочитување на законот и системска корупција, што, потенцира, значително ги зголемува катастрофалните последици.

Во однос на прашањето дали надлежните органи биле известени за овој настан и дали ја извршиле својата професионална должност која овој настан ја наметнувал, одговори дека сето тоа ќе се провери во рамки на истрагата.

– Сè тоа ќе провериме во рамки на истрагата. Сите тие закони и прописи постоеле на хартија, а до сега не сме пронашле скоро ниеден кој бил почитуван. До овој момент, во статус на осомничени се 28 лица, од кои три се во болница, 18 се притворени во предистражна постапка, а против седум полициски службеници се води истрага и тие се исто така во притвор. Доказите се собираат во изјави и во материјален облик, но и во форма на експертизи и стручни мислења од одредени области. Сите овие докази до сега упатуваат на сомневање за основно кривично дело – тешки дела против општа безбедност поради директно загрозување на животот и телото на лица, за што е предвидена казна до 20 години. Истражуваат и давање и примање на мито, незаконитости во набавката на пиротехнички средства, како и неколку други кривични дела, посочува Коцевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Погледнете што се случува на небото над Лондон: Еден поглед и јасно е каков хаос ја чека Европа
Следна Статија Голчиштето на Винисиус во 99. минута му донесе победа на Бразил (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонија нема друга алтернатива освен да ја водат учени луѓе, вели министерката Весна Јаневска

Министерството за образование и наука им го честита Меѓународниот ден на образованието на учениците, студентите, учителите, родителите и на сите…

January 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Обилните врнежи од дожд предизвикаа одрони, свлечишта и поплави на повеќе места

Како последица на обилните врнежи од дожд, денеска до 12:30 часот се регистрирани одрони, свлечишта и локални поплави во повеќе…

January 10, 2026
МАКЕДОНИЈА

КАКО СЕ ВИКА КОГА НЕКОЈ ЗА ПРОФИТ ТРУЕЛ ЦЕЛ ЕДЕН НАРОД?Д-р Лазаров вели да се организираме сите во една колективна тужба

Докторот Ненад Лазаров се огласи околу скандалот со набавувањето на спорни деривати. „Како се вика кога некој за профит труел…

March 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тој е светла точка во деновите на темнина: Мицкоски се сретна со јунакот Јован Костадинов

Денес се сретнав со Јован Костадинов, млад човек од Виница, кој во најтешкиот миг покажа што значи храброст, одговорност и…

March 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?