Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Коцевски: Објавени се само дел од пораките, се истражува и УЈП и други институции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Коцевски: Објавени се само дел од пораките, се истражува и УЈП и други институции
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Објавени се само дел од пораките, се истражува и УЈП и други институции

Објавено September 30, 2025 18:55
Сподели
Сподели

Обвинителството води предистражна постапка за вработени во УЈП и други институции за повеќе кривични дела поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, изјави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Тој нагласи дека објавените пораки од ИРЛ се само мал дел од доказите што веќе се доставени до одбраната и судот, и дека постапката не е завршена. Според него, Обвинителството располага со уште десетина инкриминирачки дејствија.

„Имав состанок со обвинителите и овие податоци што беа изнесени од страна на Истражувачката репортерска лабораторија не се ништо нови. Сите овие пораки се испратени до одбраната, сите овие пораки се испратени до судот. Сите овие пораки ги имаше и Министерството за внатрешни работи, меѓутоа тоа се многу малку пораки во однос на она што Обвинителството располага во моментов. Има таму можеби уште десет инкриминирачки дејствија, што значи дека постапката воопшто не е ниту затворена не само во однос на УЈП, туку и на евентуално други институции и тука она што беше кажано сметам дека беше избрзано, имајќи предвид дека истражувачите не побараа информации од Обвинителството“, изјави Коцевски.

Во врска со предметот на ОЈО ГОКК против 13 полициски службеници, Коцевски рече дека по него постапува еден обвинител поради недостиг на кадар, но дека сите рокови се запазени. За изјавите на премиерот Мицкоски, додаде дека не сака да коментира политички оценки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Крушево во престижната група на Топ 100 зелени дестинации во светот
Следна Статија Николоски: На Скопје му треба силна трансформација, градскиот воз, нови еколошки автобуси, нова инфраструктура

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска Давкова помилува осум осуденици по повод Илинден

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, донесе одлука за помилување на осудени лица по повод 2 Август – Илинден, еден…

July 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Македонија не ги заборава своите херои-полициските службеници пред 26 години во Арачиново беа убиени во заседа

Македонија никогаш не ги заборава своите храбри синови, напиша министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој денеска положи цвеќе пред…

January 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Македонија ќе воведува вештачка интелигенција во образованието

Во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем, интеграцијата на вештачката интелигенција претставува следен, логичен чекор кој значително ќе го…

June 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопје заслужува раководство со визија, ентузијазам и решителност

Скопје е пред големи предизвици, но верувам дека со рационално, транспарентно и енергично раководење може да стане град каков што…

January 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?