Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Крајно време е да престанеме да преговараме за идентитетски прашања со било кого, рече Муцунски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Крајно време е да престанеме да преговараме за идентитетски прашања со било кого, рече Муцунски
МАКЕДОНИЈА

Крајно време е да престанеме да преговараме за идентитетски прашања со било кого, рече Муцунски

Објавено April 25, 2025 14:08
Сподели
Сподели

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, рече дека Владата се стреми кон компромис кој ќе биде рационален за да се откочи патот кон Европската Унија. Тој е дециден и дека е крајно време е да престанеме да преговараме за идентитетски прашања со било кого како држава, а се осврна и на владината позиција да се стави крај на билатеризацијата на европската интеграција која ако стане пракса ќе предизвика штета на целиот регион.

„Нашите позиции се да се стави крај на билатеризацијата на европската интеграција и нешто што го повторувам дека создавањето на пракса на билатерализација штети на целиот регион. Процесот на проширување нема да биде конечен без интеграција на целиот регион“, рече Муцунски, одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на Црна Гора, Ервин Ибрахимовиќ.

Шефот на македонската дипломатија изјави и дека посветеноста кон европската интеграција треба да престане да се мери по капацитетот на отстапките на било која влада по однос на националните прашања.

„И што доколку утре се прифати тоа што се бара од нас? Што доколку утре се случат уставните измени и за шест месеци повторно сме во иста ситуација. И повторно ќе треба и дијалог и разговори и повторно ќе биде закочен процесот на преговори. Ги следам и пораките коишто доаѓаат дека реформската агенда доколку се исполни ја врши и дел од работата на самите преговори. Притоа, нагласувам, не мислиме како Влада дека реформската агенда може да го замени процесот на преговори, тоа е далеку од нашата позиција. Но реформската агенда првин може да биде трансформативна за целата држава, а второ ќе ја покаже и на дело нашата посветеност кон европската интеграција“, рече Муцунски.

Тој изрази и надеж дека европскиот парлмент ќе ја продолжи традицијата на извештаи коишто се позитивни кон напредокот врз основа на мерит критериумите за членство во Унијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Престрелка во близина на Бит Пазар – едно лице повредено
Следна Статија (Видео) Еколошка катастрофа: Се излеале 17 тони нафта во морето кај хрватскиот остров Хвар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Министерката Весна Јаневска во Кочани спасила професор кој колабирал – му го извлекла јазикот да не се задуши

Проф. д-р Весна Јаневска, актуелната Министерка за образование доцна синоќа беше во посета на Кочани. Во едно од училиштата одржа…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски се обрати на CPAC, ја отвори можноста за американски инвестиции во стратешки проекти во Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на конференцијата CPAC – големиот десничарски настан кој се одржува во Вашингтон, а на кој…

February 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Независноста не е само потпис на хартија, таа е жртва, борба, љубов кон оваа света земја

8 Септември не е само датум и никако не е случајност, туку континуитет на жедта на еден од помалите народи…

September 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Заврши распустот: Учениците од утре се враќаат во школо

По тринеделен зимски распуст, основците и средношколците утре ќе се вратат на настава во второто полугодие од учебната 2024/2025 година.…

January 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?