Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Крај на една ера: Модриќ го напушта Реал
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Крај на една ера: Модриќ го напушта Реал
СПОРТ

Крај на една ера: Модриќ го напушта Реал

Објавено May 23, 2025 08:21
Сподели
Сподели

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ дефинитивно го напушта Реал Мадрид, потврди „кралскиот клуб“ на социјалните мрежи, но и Хрватот на Инстаграм со емотивно писмо.

Она што хрватските медиуми го објавија денес се оствари, Лука Модриќ повеќе не е играч на Реал Мадрид.

„Кралевскиот клуб“ го објави настанот објавувајќи фотографија со кратка порака:

„Ти благодарамe, Лука!“, пишува во објавата на официјалниот профил на Реал на социјалната мрежа „X“.

Поради оваа вест, и Лука Модриќ се огласи со објава на својот официјален профил, испраќајќи емотивно писмо до сите фанови, кое го транскрибираме во целост:

„Драги Мадридисти,

Времето дојде. Момент што никогаш не сакав да дојде, но таков е фудбалот, и сè во животот има почеток и крај.

Во сабота ќе го играм последниот натпревар на „Сантијаго Бернабеу“.

Дојдов во 2012 година со желба да го носам дресот на најдобриот клуб во светот и со амбиција да постигнам големи работи, но ова не можев да го замислам.

Играњето за Реал ми го промени животот, ме промени и како играч и како личност.

Горд сум што бев дел од тимот во една од најуспешните епохи во историјата на клубот. Сакам од срце да му се заблагодарам на клубот, особено на претседателот Флорентино Перез, моите соиграчи, тренерите и сите што ми помогнаа.

Доживеав неверојатни моменти во текот на овие години, некои пресврти што изгледаа невозможни, финалиња, прослави и магични ноќи на Бернабеу… Победивме сè и бев навистина среќен. Многу, многу среќен.

Но, пред сите титули и победи, во срцето ја носам љубовта кон навивачите на Реал Мадрид.

Навистина не знам како да ја објаснам врската што ја имам со вас, кои нè поддржувате, почитувате и сакате. Отсекогаш сум се чувствувал така. Никогаш нема да заборавам ниту еден аплауз, ниту еден гест на љубов што ми го упативте.

Заминувам со полно срце. Исполнет со гордост, благодарност и незаборавни спомени. Иако, по Светското клупско првенство, повеќе нема да бидам дел од клубот на теренот, засекогаш ќе бидам навивач на Реал Мадрид.

Ќе се видиме повторно. Реал Мадрид ќе биде мој дом до крајот на животот.

Да живее Мадрид и ништо друго“, рече Модриќ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За првпат во Македонија потврдени два случаи на мајмунски сипаници
Следна Статија Над 60 членови на администрацијата на Трамп цел на хакерски напад

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Челзи се соочува со 74 обвиненија за недозволени исплати на менаџери

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), го обвини Челзи за 74 наводни прекршувања на правилата поврзани со плаќања на менаџери помеѓу…

September 12, 2025
СПОРТ

Филип Кузмановски во ТОП 5 најдобри стрелци на СП во ракомет

Заврши ракометниот Мундијал 2025, Данска по четврти пат ја освои светската титула. Данските ракометари во големото финале во Осло триумфираа…

February 3, 2025
СПОРТ

(Видео) Уште едно фијаско на клупскиот Мундијал

Светското клупско првенство на ФИФА продолжува да ги поместува „стандардите“. Откако неколку натпревари се одиграа пред полупразни трибини, се случи…

June 18, 2025
СПОРТ

Голема победа на Њујорк Никс, ЛА Лејкерс пред елиминација (ВИДЕО)

Кошаркарите на Њујорк Никс триумфираа против Детроит Пистонс со 94-93 и поведоа со 3-1 во серијата од плејофот од НБА-лигата.…

April 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?