Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривична против поранешен градоначалник на Лозово и две лица за злоупотреба на службена положба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кривична против поранешен градоначалник на Лозово и две лица за злоупотреба на службена положба
ХРОНИКА

Кривична против поранешен градоначалник на Лозово и две лица за злоупотреба на службена положба

Објавено April 18, 2025 10:53
Сподели
Сподели

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.В. (48) од Лозово, Т.Г. (51) од Скопје и Л.Л. (68) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во 2018 година, додека бил градоначалник на општина Лозово, А.В. овозможил на правно лице од с.Студеничани да се стекне со противправна имотна корист од 205.800 денари и за таа сума го оштетил буџетот на општина Лозово.

Имено, на 01.11.2018 првопријавениот А.В. донел одлука за спроведување на јавна набавка за изградба на пешачка патека на улица „Октомвриска револуција” во Лозово, по што за најповолен понудувач било избрано правното лице, кое го назначило второпријавениот Т.Г. за  управител на градбата. Градежните работи биле завршени во март 2019 година и во градежната книга и градежниот дневник биле внесени невистинити податоци дека се ставени 381 метар квадратен бекатон плочки во вредност од 205.800 денари. Градежната книга и градежниот дневник ги потпишале второпријавениот и третопријавениот Л.Л., кој бил надзорен орган на градбата. Првопријавениот А.В. иако знаел дека сумата за наплата не е вистинита, дозволил да бидат исплатени 205.800 денари повеќе отколку што е реално изработено.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио
Следна Статија (Видео) Возач со „голф“ влечеше коњ низ центарот на Скопје, полицијата го идентификуваше

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Контролор во ЈСП претепан од лице кое немало билет

На 12.01.2025 во 19.20 часот во СВР Скопје, С.А.(44) од Скопје пријавил дека во 19.02 часот на работното место како…

January 13, 2025
ХРОНИКА

Маж од Битола ја нападнал вереницата со метален предмет

Утрово во 04:50 часот во СВР Битола, 37-годишна жителка на Битола пријавила дека била физички нападната од својот вереник А.И.(42),…

February 19, 2026
ХРОНИКА

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Охрид- Ресен

Во прекин е сообраќајот на магистралниот пат А2 Охрид- Ресен кај превојот Буково, соопштија вечерва од АМСМ. Како што посочуваат,…

April 6, 2025
ХРОНИКА

По реакциите во јавноста, преиначена е одлуката: Во притвор оди мотоциклистот кој го усмрти Југослав и избега

Кривичниот совет ја преиначи одлуката на судија на претходна постапка и определи мерка притвор наместо куќен притвор на обвинетиот Ф.Љ,…

July 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?